Риболовецот Ванчо Јовановски – Шајка од Македонска Каменица на социјалните мрежи се пофали со “улов” тежок 30 килограми. Сомот кој е изваден од водите на Калиманско езеро е долг 180 сантиметри и е еден од поголемите кој е изваден од водите на Калиманско езеро. 57 годишниот Ванчо Јовановски кој е жител на Каменица често знае да си ја проба среќата ловејки риба на езерото Калимаци. Ова е најголем негов улов а риболовот му е хоби кое знае да го релаксира од напорното секојдневие. Инаку, езерото Калиманци изобилува со доста големи примероци на сом. Искусните риболовци знаат како да го намирисаат…
Author: Media Point
Од денеска следува период на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, а дневната температура од утре значително ќе се намали. Дневната температура ќе се движи од 28 до 35 Целзиусови степени. Во Каменица променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер со максимална дневна температура до 33 степени.
Македонска Каменица 22. Јули 2018 година – Совет на Млади, денес на градскиот базен во Македонска Каменица организираше „Дневна забава“ со неколку Ди-Џеи и голем број натпревари,игри на вода и други интересни содржини. На забавата земаа учество голем број на млади од Македонска Каменица, а присуствуваа и гости од Совет на Млади од околните градови. Присутните, со кратко обраќање ги поздрави и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. „Ја користам оваа прилика и моето присуство на денешната “Забава на Базен”, организирана од Совет на Млади на Македонска Каменица да ги поздравам присутните, натпреварувачите и помагателите на настанот. Сакам да истакнам…
САСА ЈА ПОБЕДИ БРЕГАЛНИЦА ВО ШТИП! Попладнево на Градскиот стадион во Штип се сретнаа второлигашите Брегалница и Саса. Гостите од Македонска Каменица со 3-1 (3-1) извојуваа заслужена победа. Со играта што ја прикажа Саса на гостински терен, слободно можеме да кажеме дека ќе конкурира за едно од првите места на табелата. Саса поведе во 17 минута, со голот на Дени Стојанов. Израмни Стефан Мишев во 24 минута, со евро гол. Ова не ги запре поранешните членови на Брегалница Кристијан Јордановски и Бојан Иванов кои успеаа да ја „нокаутираат“ штипската екипа. Најпрвин, Дени Стоанов беше срушен во казнениот простор на Брегалница…
Роналдо прејде од Реал Мадрид во Јувентус, во најголемиот трансфер за италијанскиот фудбал. Навивачите на шпанскиот клуб тешко го прифатија сето ова, но ќе мораат да се помират со фактот дека Роналдо повеќе не игра за нивниот клуб. Но, Португалецот ги налути во оној момент кога по доаѓањето изјави дека воопшто не му било тешко да донесе одлука. Поради тоа, еден навивач на Реал својот бес го „истури“ на Твитер каде на жесток начин го навреди Роналдо. „Вака ни враќа затоа што моравме девет години да лажеме дека е подобар од Меси“, напиша разочараниот навивач. Овој коментар покрена и лавина…
Сеад Кочан за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, во Основниот суд Скопје 1 е неправосилно осуден на казна затвор од години во предметот на СЈО „Труст“. Василије Авировиќ, кој не дојде на изрекување на пресудата со образложение дека не се чувствувал добро, за истото дело судијката Лидија Зимбовска го осуди на три години затвор. Тројцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Здружени во конзорциум, тројцата доставиле…
Четириесетгодишен возач од Македонија добил сериозни повреди и завршил во болница во германскиот град Нордхаузен по тешка сообраќајна несреќа со својот камион вчера попладне на автопатот А38 меѓу Херинген и Берга во правец кон Лајпциг, пишува порталот Република. Камионот со кочански регистарски таблички, натоварен со буриња со течен лепак, излетал од коловозот, се првртел настрана и се запалил, а лепакот се разлеал по коловозот. Огнот ја зафатил и сувата трева покрај автопатот, а во неговото гасење заедно со запалениот камион учествувале противпожарни возила и два хеликоптера. Облакот од чад бил видлив километри подалеку од местото на несреќата. Проценките на властите…
Екипа на мобилната царинска единица, завчера во 22 часот на автопатот Гевгелија – Скопје забележале камион „ивеко“ со скопски таблици и во координација со полициски службеници од ГП Богородица, се упатиле по него. Кај првиот тунел во правец од Гевгелија кон Скопје возачот ги забележал полицајците, го сопрел возилото и избегал. Во возилото биле пронајдени 44 мигранти, 10 од Сирија, 20 од Пакистан, 12 од Авганистан и двајца од Индија.
Берово, 20. Јули 2018 година – Советот на Источниот плански регион денес во Берово ја одржува својата шеста редовна седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои поставување на Меѓурегионален технолошки парк меѓу Вардарскиот и Источниот плански регион, одобрување средства за финансирање на проекти за развој во регионот, потоа грантова шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони и повеќе предлог одлуки кои се однесуваат на финансиска поддршка на руралниот развој за оваа 2018 година. На денешната седница ќе се дискутира и за програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделието и…
Македонска Каменица 20. Јули 2018 година – Натпревари во пливање, нуркање и многу други игри, неколку диџеи се дел од забавата која што Советот на млади на општина Македонска Каменица ја подготвува на градскиот базен во недела на 22.Јули 2018 година, со почеток од 12:00 часот. Сите оние кои сакаат да учествуваат во некој од натпреварувачките активности, можат да се пријават во просториите на градскиот базен од Четврток до Недела до 12 часот или на фејзбук страната на Советот на Млади на општина Македонска Каменица. Влезот е бесплатен, освен користење на лежалки. Посебна благодарност од Совет на Млади на општина Македонска Каменица…
