Македонска Каменица 14.08.2018 година- Општина Македонска Каменица ги извести жителите на Македонска Каменица дека овој петок, 17. август 2018 година со почеток од 07:00 часот, шинтерските служби на ВСЦ “Тодор Велинов” – Куманово, ќе извршат акција за заловување на бездомни кучиња на територија на општината.
Исто така, ги замолуваат граѓаните кај општинските служби да пријават забележани бездомни кучиња во близина на своите живеалишта.
Станува збор за акција која редовно се спроведува од страна на шинтерските служби на ВЦС “Тодор Ангелов” – Куманово.
