Author: Media Point

Македонска Каменица 07. Мај 2018 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова по повод 7-ми Мај Денот на македонската полиција, оствари посета на Полициската станица во Македонска Каменица. Во краткиот разговор со дежурните и раководни лица од ПС Македонска Каменица, Стаменкова им го честиташе празникот, посакувајќи им понатамошен успех во вршењето на нивната професионална работа, истакнувајќи благодарност за самопожртвуваноста и одличниот пристап кон истата. На кратката средба со Влатко Стојчевски – командир на ПС Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова напомена дека врската меѓу општината, граѓаните и македонската полиција треба да се зајакне и продлабочи, со цел да се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 07. Мај 2018 година – Како дел од Програмата за работа на општина Македонска Каменица за 2018 година, село Моштица доби нов пристапен асфалтен пат во должина од 440 метри. Целокупната вредност на проектот е 2.670.214,00 денари, а изведувач на градежните активности е ДООЕЛ „Стоименов“ – Кочани. Изминатите месец и половина, во зависност од поволните временски услови, од фирмата изведувач интензивно беа искористени за комплетна инфраструктурна подготовка на теренот и тампонирање на коловозот, се со цел сите граѓаните од руралните средини што поскоро да добијат асфалтен пат до своите домови. Постојан увид на терен, за текот на активностите…

ПОВЕЌЕ ...

Во кратовското село Којково синоќа починал С.С.(51) откако бил прегазен од возило Zastava 750. Според пријавата во полицијата, С.С. бил на гости кај Б.И. од село Којков, тргнал да си оди и влегол во своето возило Zastava 750, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правец на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот. Полицијата изршила увид на местото на настанот.

ПОВЕЌЕ ...

МОМЧЕТО СО ДАУНОВ СИНДРОМ И НЕГОВИОТ ТРЕНЕР – ПРИКАЗНА СО СИЛНА ПОРАКА ОД ВЧЕРАШНИОТ СКОПСКИ МАРАТОН Тој му бил тренер и заедно излегле да трчаат на маратонот во Скопје. На стартот тренеров го фатил за рака својот ученик за овој да се чувствува посигурен за време на маратонот. 50 метри пред крајот ученикот кој патем има даунов синдром паднал, немал сила да го дотрча маратонот. Трнеров го кренал на раце и заедно поминале низ целта. Скопје раскажува приказни. АЛАЛ ДА ВИ Е ДЕЧКИ. ВИЕ ЗАСЛУЖУВАТЕ ЗА ВАС ДА СЕ НАПИШЕ И СНИМИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН ФИЛМ. Текстот е преземен од соц. мрежи,…

ПОВЕЌЕ ...

За време на своето патување во Цирих, русинката Олесја Шемјакова сакала да се почести со чоколадна торта и сок кои чинеле 20 евра и сметката ја платила со картичка. Се шокирала кога две недели подоцна проверувајќи ја својата сметка увидела дека од нејзината сметка биле повлечени 6425 евра. Го внесов својот пин за да платам со картичка, но плаќањето не беше успешно. Тогаш го внесов пинот по втор пат и сметката беше платена. Претпоставив дека платив 20 евра, колку што изнесуваше сумата на сметката, вели Олесја. Таа вели дека поради слабото разбирање на германскиот јазик, не разбрала кога мислела дека…

ПОВЕЌЕ ...

Скопјанец вчера се самоуби фрлајќи се од зграда. Од полицијата соопштуваат дека вчера во 05.25 часот било пријавено дека од тераса од 11 кат во Скопје скокнал 36-годишниот Т.Ј. од Скопје. Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт. Од МВР додаваат дека е извршен вид на местото на настанот.

ПОВЕЌЕ ...

Насилни методи за дисциплинирање на децата примениле 79 отсто од родителите во Македонија, опфатени со истражувањето што го спроведе УНИЦЕФ, а една четвртина од наставниците имаат ниска свест за психичко злоставување и лесни форми на физичко насилство. Според ова истражување, во Македонија седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години дома се дисциплинираат со насилни методи, односно со физички казни и психолошка агресија. Од УНИЦЕФ велат дека кај испитаниците постои верување оти насилните методи на дисциплинирање децата функционираат, односно 44 отсто од нив сметаат дека физичкото казнување е ефикасен начин за коригирање на однесувањето на детето, а…

ПОВЕЌЕ ...

Во дури 32 општини во Македонија во последното тримесечје од 2017 година имало повеќе умрени лица отколку живородени деца, а најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека во речиси сите поголеми македонски градови со ретки исклучоци има негативен природен прираст на населението.. Битола, Штип, Кочани, Охрид, Струмица, Гостивар, Берово, Ресен, Кичево, Валандово, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Крушево, Македонски брод, Кратово, Крива Паланка, Прилеп се градови во кои во овој период е забележан негативен природен прираст. Демографите подолг период предупредуваат дека на цели села и градови во блиска иднина им се заканува исчезнување бидејќи во нив живее претежно возрасна…

ПОВЕЌЕ ...

На 15 и 16 мај годинава бугарските превозници ќе излезат на протест против обидите на Брисел да воведе сериозни рестрикции во областа на транспортот. Рестрикциите ќе доведат до лавина банкроти на стотици илјади бугарски превозници.  Извор: Телевизија Стар Бугарските превозници ќе ги блокираат пристапните патишта кон Софија, главните автопатишта и регионални патишта, како и влезно-излезните артерии на земјата, пишува „Стандард“. Причината за протестот е најавите за примена на новите прописи што треба да бидат усвоени од Европскиот парламент, познати како „Прв пакет за мобилност“ и „Втор пакет за мобилност“. И двата пакета се насочени главно против интересите на Бугарија, велат од…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во…

ПОВЕЌЕ ...