Author: Media Point
Со кариера од преку 50 години, Оливер Драгојевиќ беше еден од најуспешните и најомилени поп пејачи во поранешна Југославија Легендарниот хрватски пејач и композитор Оливер Драгојевиќ почина утрово во Сплит на 70-годишна возраст, потврди неговото семејство за весникот „Слободна Далмација“. Драгојевиќ изминативе 12 месеци се лекуваше од рак на белите дробови, но и покрај тоа, продолжи повремено да настапува. Со кариера од преку 50 години, Драгојевиќ беше еден од најуспешните и најомилени поп пејачи во поранешна Југославија. Роден во Сплит во 1947 година, Драгојевиќ беше поврзан со музиката од најраната возраст. Првиот настап го имаше на Сплитскиот детски фестивал во…
Седум до единаесет дена е идеалното траење на еден годишен одмор. Имено, научници од еден универзитет во Финска, пренесуваат дека наведената должина на одмор е адекватна за да се намали нивото на стрес од работата, кој го носите со себе кога тргнувате на пат. Ако одите на одмор кој трае еден или два дена, во тој случај вие немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго, полека започнувате да се грижите дали работата и работните обврски се извршени додека вие сте отсутни. За на вистински начин да се одморите и да не…
Министерството за внатрешни работи прави анализи на целокупниот процес за вадење лични документи, на телефонското закажување на терминот што сега се спроведува преку приватна фирма, на можноста целата оваа активност да ја преземат службите на МВР, со цел процесот да се забрза, поедностави, но и да биде финансиски поисплатлив, а се работи и на тоа патните исправи граѓаните да ги добиваат на домашна адреса. Ова го посочи денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на прашање од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова. Таа побара од министерот да каже како ќе се поедностави процесот на вадење лични документи во помалите…
Интересна и забавна шема според која можете да одредите кој тип на психолошко растројство поседувате доколку сте опседнати со кладионичарење: 1-2 (полувреме – крај) – Манична депресија/Биполар Х-Х (полувреме – крај) – Два Х хромозома, значи сексуална наклонетост према жена, ваљда мајка – Едипов комплекс 1Х (Двознак) – Дисоцијативно пореметување/Мултиплицирана личност 7+ (голови) – Булимија Нервоза 0-2(голови) – Депресија проследена со слаба самодоверба DP1(дупла победа) – Комплекса на виша вредност(супериорност) DP2(дупла победа) – Комплекс на нижа вредност(инфериорност) 1(Фикс) – Фиксација у прва фаза (орална фиксација) 2(Фикс) – Фиксација у втора фаза (анална фиксација) Хpp (резултат на полувреме) – Хиперкинетичко пореметување/ADHD…
28 јули 2018 (МИА) – Старите хидројаловишта во источна Македонија се потенцијални рудници. Научната фела забележува дека едно од нив, големата површина на самиот влез во Пробиштип обрасната со трска, во кој се депонирала јаловината по процесот на обработка, а која поминувала низ погоните во флотација наместо да стои како потенцијална еколошка бомба на државата може да и донесе и солиден приход. Познатиот геолог Теодор Серафимовски од Природно-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип забележува дека старите, но и постојните хидројаловишта освен примарната руда олово, цинк, бакар, злато или сребро во себе кријат и други метали, кои на берзите достигнуваат високи цени.…
Македонска Каменица 28.07.2018 година – Градоначалниците од единаесетте општини од Источниот плански регион договараат регионален пристап во третирањето на комарците и на бездомните кучиња. Иницијативата беше дадена на последниот состанок на Центарот за развој на регионот во Берово, со заклучок дека е потребно заедничко дејствување за да се постигне поголема ефикасност со истите трошоци. – Од досегашната пракса е јасно дека прскањето против комарците во секоја општина одделно и во различен временски период не го решава проблемот, поради што договараме во наредниот период тоа да се прави координирано. Во општина Кочани досега реализиравме две фази на прскање со авион…
https://www.youtube.com/watch?time_continue=69&v=Dhw0Oq9DgJc Македонска Каменица 25.07.2018 година – Во тек е редовно чистење и целосно ставање во функција на локалните патишта во селските средини на општина Македонска Каменица. Изминатиов период заради временските неприлики поголем број од локалните патишта, според потребите пред се на жителите во селските средини од разбиен тип, се прочистуваат и во повеќе наврати. Вкупната должина на исчистени земјени локални патишта во селските средини изнесува над 160 километри. „Планираните активности во село Саса, до маало Ристовци, Сарафско маало, Аризанци, Мечкаре и Мршавелци, целосно се завршени. Прочистувањето на локалните патишта продолжува во село Цера, до маало Станчовци и маало Стамболии. Изминатата недела…
Македонката Светлана Михајлова (51), која исчезнала на 30 март годинава во Пјаченца, била пронајдена мртва во водите на Јадранското море, информираше италијанската полиција. Како што пишувавме, потрагата по Михајлова се одвиваше со голем интензитет, а полицијата и медиумите постојано објавуваа нејзини фотографии и контакт телефони на кои граѓаните можеа да дадат било какви информации за исчезнатата. Според семејството на Михајлова, таа на 30 март излегла во продавница да купи основни работи неопходни за домот, но со себе носела малку пари и мобилниот телефон. Таа не ги зела личните документи со себе. Откако поминало подолго време од вообичаеното за враќање, сопругот…
Делчево, 25.07.2018 година – Катастрофална глетка во водите на река Брегалница. Нов голем помор на риби рано утрово беше забележан во водите на реката во централното градско подрачје. Мртви риби пливаа на сите страни, загрижени граѓани со неверување изразуваат згрозеност од она што го видоа, а социјалните мрежи вријат од коментари за ваквата состојба. На лице место на настанот утрово беа излезени инспекторите за животна средина, а повикани биле и државните инспектори кои според информациите кои ги добивме се упатиле на местото кое е посочено како извор на загадувањето на река Брегалница од каде треба да бидат земени мостри од водата…
Грчките медиуми и социјалните мрежи пренесуваат шокантни глетки од борбата со огнената стихија во Атина. Во дворот на една вила најдени се телата на родителите заедно со бебињата. Најновите информации зборуваат за најмалку 60 загинати, пренесува Скаи ТВ. Грчките медиуми пренесуваат шокантна глетка од одморалиштето Мати каде во близина на една карпа, спасувачките екипи пронашле се 26 тела. Се верува дека жртвите трагично загинале обидувајќи се да побегнат од огнот и да се спуштат во морето, но за жал останале заробени на карпата над морето. Градоначалникот на Рафина, Евангелос Бурнис изјави дека досега се пронајдени телата на 26 лица, меѓу…
