Author: Media Point

Секој македонски граѓанин, од 0 до 99 години, потрошил во просек 100 евра во странство лани, веќе пресмета Народна банка на РМ, но странските државјани кои транзитираат или ја посетуваат земјата потрошиле, повеќе од оваа сума, барем на хартија. Интернет порталот Фактор веќе објави дека Македонци потрошиле во странство од картичките лани над 217 милиони евра, додека овој пат познато е дека странците тоа го направиле со сума од 322 милиони евра, иако прашање е колку од таа вредност ја потрошиле во Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

На 13.08.2018 година, со почеток од 18:00 часот започнува „Шаховско првенство 2018“ во Македонска Каменица. Станува збор за натпреварување кое пред децении наназад традиционално секоја година се оддржуваше, со голема популарност кај љубителите на шахот и со голем број на пријавени учесници од Македонска Каменица. Право на учество имаат сите жители на општина Македонска Каменица и вработените во Рудник Саса. Љубителите на шаховската игра можат своето учество да го пријават кај Лазо Стаменковски (078914699) и Атанас Боболински, до 06.08.2018 година. Натпреварите ќе се играат по швајцарски систем од одиграни 11 кола, а наградите за победниците ќе бидат доделени на 28.08.2018…

ПОВЕЌЕ ...

На 30.07.2018 година околу 16,10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани кај с.Тркање, мотоцикл „Геелу“ со кочански регистерски таблици управувано од Т.Ц.(29) од с. Бели, се превртел и мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа во Кочани, поради сериозноста на повредите, истиот бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот. извор: Дневен билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Речиси неверојатна снимка кружи на социјалните мрежи – жена снима невреме и го фати моментот кога гром удира во нејзиниот телефон. Шансите гром да го погоди телефонот се 700.000 на 1, а да го снимите тој момент се уште помали. Меѓутоа, Трејси Кулол од Шкотска го доживеа и преживеа токму тоа. Минатата недела таа го снимала невремето низ прозорецот од нејзиниот стан. Кога громот удира во телефонот, тој ѝ летнува од раце, но за чудо продолжува да снима без слика, но со тон. Во позадина се слуша Трејси како во неверување и шок неколку пати повторува дека ја удрило гром.…

ПОВЕЌЕ ...

Со 68 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието попладнево го распиша референдумот на кој граѓаните ќе се изјаснат за Договорот со Грција. Прашањето на референдумот ќе гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? и ќе се одржи на 30 септември 2018 година. Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на денешното попладне и рано вечерва ФЛОРИЈАН во склоп со влажна и нестабилна воздушна маса со потекло од црното море ќе услови променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град па во ваква ситуација ви препорачуваме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимавате каде и како се движете. Како што претходно напоменавме ФЛОРИЈАН ќе се задржи и во текот на следните денови и ќе условува нестабилно…

ПОВЕЌЕ ...

30 јули 2018 (МИА) – Во Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половината користат дизелски погон. Според податоците на Еуростат, во Македонија на 1.000 жители има 190 возила, што е далеку под просекот во ЕУ што изнесува 505 возила на 1.000 жители. Истовремено, Македонија во 2016 година има вкупно 259 километри автопат и 14.167 километри други патишта. За споредба Словенија со 531 возило на 1.000 жители и со речиси иста територија како нашата држава, во 2016 година има вкупно 773 километри автопати.…

ПОВЕЌЕ ...

Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од ставопочитување кон овој празник. Според народните верувања, Света Марина пали и казнува со оган и како Свети Илија кој казнува со громови, таа спаѓа во „огнени“ свеќи. Меѓу православните Огнена Марија (која, инаку, во народната традиција е насловена како сестра на Громовникот Илија и Свети Пантелјмон)…

ПОВЕЌЕ ...

30 јули 2018 (МИА) – Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години триумфираа на ЕХФ-шампионатот кој се одржа во Скопје. „Црвено-жолтите“ во финалето полесно од очекувањата ја надиграа силната Белорусија со 29-23 (15-10) и со триумфот, како првопласирана репрезентација, си обезбеди пласман место на младинското Европско првенство 2020 година. Македонија во првиот дел беше подобра на теренот и заслужено имаше водство од +5. Силната игра во второто полувреме доведе и до водство на неколку наврати со 7 гола разлика, а до крајот само ја одржуваа предонста за конечни 29-23. Најефикасен за Македонија беше Марио Танкоски со 8 гола,…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието.Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 27 до 34 степени. Во Македонскаа Каменица ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 до 33 степени. Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд…

ПОВЕЌЕ ...