Речиси неверојатна снимка кружи на социјалните мрежи – жена снима невреме и го фати моментот кога гром удира во нејзиниот телефон.

Шансите гром да го погоди телефонот се 700.000 на 1, а да го снимите тој момент се уште помали.
Меѓутоа, Трејси Кулол од Шкотска го доживеа и преживеа токму тоа. Минатата недела таа го снимала невремето низ прозорецот од нејзиниот стан. Кога громот удира во телефонот, тој ѝ летнува од раце, но за чудо продолжува да снима без слика, но со тон.
Во позадина се слуша Трејси како во неверување и шок неколку пати повторува дека ја удрило гром.
„Сакав да го снимам невремето и се надевав дека ќе ватам некоја молња во позадина. Не очекував дека громот ќе удри во мене. Громот удри во додатокот за маската на телефонот. Тоа ми го спаси животот, бидејќи ако удреше директно во него, телефонот ќе експлодираше“, рече Трејси по неверојатното доживување.

„Немате поим колку е моќен громот, уште чувствувам болка од малиот прст до лактот. Кога ме погоди изгледаше како силно сино светло. Животот ми прелета пред очи, го фрлив мобилниот и почнав да паничам“, рече Трејси.
Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири!
