Со 68 гласа „за“ и ниту еден „против“ Собранието попладнево го распиша референдумот на кој граѓаните ќе се изјаснат за Договорот со Грција.
Прашањето на референдумот ќе гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? и ќе се одржи на 30 септември 2018 година.
Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.
