Author: Media Point

Македонска Каменица, 11 Мај. 2018 година – Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и Рудникот за Олово и цинк Саса потпишаа спогодба согласувајќи се на понудата за зголемување на платата која што компанијата ја достави до синдикатот на 26ти април. „Многу ни е мило што успеавме да постигнеме пријателски договор со МЕСО, кој што претставува фер понуда за нашите вработени. Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, Централ Азија Металс, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава суштинскиот од проблемите поврзани со наградувањето и исплатата на вработените, кои што беа наследени од претходните сопственици…

ПОВЕЌЕ ...

Филмска акција се одвивала во Хрватска откако на еден портал е објавен оглас дека таткото го продава своето петгодишно дете за 270 евра. Со огласот била објавена и фотографија од детето. Во домот на таткото во едно подравско село упаднале припадници на полицијата и тим од Центарот за социјални работи, пренесуваат хрватските медиуми. Полицијата за огласот ја известиле администраторите на огласникот, по што следувала акцијата. Од Центарот за социјална работа информирале дека е покрената судска постапка против таткото. Тој бил приведен, а детето било сместено во друго семејство. Таткото добил кривична пријава за трговија со луѓе и повреда на правата…

ПОВЕЌЕ ...

Зајако и Мечката били стари пријатели. Еден ден, станало им досадно и решили да се позаебаваа малце, да им мине време: – Ајде да си играме на хеликоптер бе? – Ајде ма, ка се игра? Мечката грабнала Зајако за ушите, навил ги како мокра крпа за истискување и го фрлил нагоре. Од вртењето, ушите му се разпласкали у воздухо…болат и свират, ка паднал доле, ама истрпел. Играли си тека таа игра два-три саата и на Зајако му скиснало. Не издржал веќе, оти се Мечката фрлала и рекол и: – Са е на мене ред! – Добро! – рекла Мечката. –…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 10. Мај 2018 година – Како дел од разигрувањата и борбата за пласман во Ф4 од младинската кошаркарска лига во М-18 категорија, вчера во спортската сала во Македонска Каменица, екипата на ЖКК Баскет Кам ја победи фаворизираната екипа на скопски ЖКК Вардар со 54:41. Во текот на натпреварот девојките од Каменица целосно ја имаа контролата над играта и резултатот. Најуспешни поединки на теренот од каменичките девојки и овој пат беше Бојана Попова со 24 поени, а Елена Ангеловска и Моника Зафировска постигнаа по 12 поени. По завршувањето на овој натпревар екипата на ЖКК Баскет Кам е дел од Ф4…

ПОВЕЌЕ ...

Два проекта вредни 73,5 милиони денари ќе се реализираат во општините од Истокот со поддршка од Бирото за рамномерен регионален развој. Првиот проект е детската градинка во Штип чија вредност е проценета на 36 милиони денари од кои 20 милиони дава општината, а 16 Бирото. Вториот проект се однесува на изградба на пешачки мост на Брегалница во Делчево, проект вреден 7,5 милиони денари, од кои 2,5 милиони се обврска ан општината, а 5 ќе се исплатата од Бирото. Освен овие два, како позитивни се оценети и  проектите за енергетска ефикасност на општинските институции во сите 11 општини и изградба…

ПОВЕЌЕ ...

До крајот на оваа година, часовите по физичко образование и училишните спортови, виничките ученици ќе ги реализираат во нова спортска сала. Започна изградбата на модерен спортски објект, во училиштето „Славчо Стојменски“, кое е едно од првите во државата и најстаро во општината : Проектот е од страна на Министерството за образование и наука, но финансиски ќе биде вклучена и општина Виница. Вредноста на проектот е околу 25 милиони денари, изјави Ивица Димитров, градоначалник на Виница. Градежните активности на терен се веќе започнати. Изведувач на работите е компанијата „Гранит“, а подизведувачи се локални фирми : Со оглед на местоположбата која ја…

ПОВЕЌЕ ...

Уште една смрт на патиштата на Истокот. 67-годишник од Штипско изгубил контрола над возилото и удрил во сообраќаен знак. Починал на лице место. Во моментот на несреќата, возачот бил сам во автомобилот, па прашање е дали губењето на контрола над возилото е резултат на невнимание или на возачот можеби му се слошило зад воланот: Возеше полека и одеднаш возилото почна да се свижи лево-десно по коловозот и удри во знакот. Мислам дека му беше лошо. веднаш притрчавме на помош и повикавме брза помош и полиција, кажа Џан Демиров, очевидец. Иако очевидци и брзата помош реагирале веднаш, за жал на штипјанецот…

ПОВЕЌЕ ...

Комерцијалисти, сметководители, квалификувани работници за производство, финансиски службеници, келнери, возачи, шивачи, наставнички кадар, медицински лица, се само дел од профилите на кадар за кој се објавени огласи за вработување. На јавниот портал на Агенцијата за вработување постојано расте бројката за нови работни места. Македонските компании се заинтересирани за нови вработувања при што бројот во моментов достигна околу 9.000 слободни работни места. Список содржеше побарувања за разни видови на профили на работници, со различен степен на образование и стручност. За некои од нив се бара искуство, за некои не,а на списокот на овие побарувања се најдоа речиси повеќето македонски градови. Сите…

ПОВЕЌЕ ...

„Малтретирање растение” е експеримент на IKEA во кој учествуваа илјадници деца со цел подигање на свеста против насилството. За време на експериментот, IKEA постави две растенија во училиште. На едното растение постојано му биле давани комплименти и му биле кажувани  мотивирачки реченици, а другото било вербално малтретирано со зборови полни со омраза. Учениците имале задача да ја споделат нивната љубов со првото растение, а да го критикуваат второто. По 30 дена, резултатите говорат самите – растението кое добивало комплименти било бујно и полно со живот, додека критикуваното растение почнало да се суши и да венее, а неговите листови станале жолто-кафени.…

ПОВЕЌЕ ...

Ќе се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година. Владата на денешната седница го прифатила предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија, чија цел е укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти. Според овој Предлог продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба…

ПОВЕЌЕ ...