Македонска Каменица 25.07.2018 година – Во тек е редовно чистење и целосно ставање во функција на локалните патишта во селските средини на општина Македонска Каменица. Изминатиов период заради временските неприлики поголем број од локалните патишта, според потребите пред се на жителите во селските средини од разбиен тип, се прочистуваат и во повеќе наврати. Вкупната должина на исчистени земјени локални патишта во селските средини изнесува над 160 километри.

„Планираните активности во село Саса, до маало Ристовци, Сарафско маало, Аризанци, Мечкаре и Мршавелци, целосно се завршени. Прочистувањето на локалните патишта продолжува во село Цера, до маало Станчовци и маало Стамболии. Изминатата недела комплетно е завршено со прочистување на селските пристапни патишта во селата Тодоровци, Костин Дол, Луковица и Косевица, како и во делот на Стара Каменица и Грчко маало“. – изјави градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
Активностите на општина Македонска Каменица околу чистење и одржување на селските пристапни патишта, како редовна пракса ќе продолжат и во следниот период. За разлика од минатите години, оваа година на критичните ерозивни места се поставуваат одводни цевки, кои значително треба да го намалат оштетувањето на локалните земјени пристапни патишта во селските средини.

Заради специфичниот, пред се ридско-планински релјеф на општина Македонска Каменица и селски средини од разбиен тип, потребата од вакви интервентни активности на терен е постојана. Општина Македонска Каменица во рамки на своите овластувања и ЈП Камена Река како изведувач на работите, остануваат во служба на жителите од Општината и секој пријавен проблем и потреба поврзани со патната инфраструктура, ќе бидат навремено решени.
