Author: Media Point

Македонска Каменица 05.09.2018 година – Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 септември, сабота, Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството им го честита Денот на независноста на граѓаните на Република Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

Од општина Македонска Каменица известуваат дека, во рамки на своите овластувања вршат асфалтирање на пристапни патишта -кракови во село Моштица со вкупна должина од 375 метри. Асфалтен пат со ширина од 3,5 метри и тампониран дел со ширина од 5 метри ќе добијат жителите на Моштица од маало Ваинци со 75 метри должина, Бунар 110 метри должина, Бабанец 100 метри должина и до Селото ќе води асфалтен пат со должина од 90 метри.  Изведувач на работите е „Стоименов“ ДООЕЛ – Кочани, вкупна вредност на проектот со кој трајно се решава проблемот поврзан со пристапен пат до овие маала во село Моштица е 2.326.062 денари. По завршувањето на овие пристапни патишта (кракови) во село Моштица, општина Македонска Каменица продолжува со асфалтирање на пристапни патишта на територијата од останатите селски средини. 

ПОВЕЌЕ ...

Во следните 30-тина часови атмосферата низ целиот регион поточно во соседна Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе биде многу нестабилна и исполнета со енергија и тоа поради студениот фронт кој се наоѓа над Алпскиот регион и топлиот кој се наоѓа токму над Балканот, смета метеорологот Славчо Попоски. Во државите кој ги набројавме на многу места ќе има појава на поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во зоната на големата нестабилност се очекува и ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (ДУРИ НАД 20 – 30 Л/М2 ЗА КРАТКО ВРЕМЕ) и токму…

ПОВЕЌЕ ...

Двете семејства крвнички се тепаат во скопски аеродром, а да биде по бизарно тоа го прават присуство на малолетни деца и бројни минувачи. Загрижувачко за психолозите е тоа што голем број од минувачите место да ги раздвојат, само “фаќале сеир” . За психологот Мирјана Јовановска, дополнителен проблем е и тоа што настани од ваков карактер се повеќе се снимаат и објавуваат, а загрижува тоа што вакви настани се се почести. Причината зошто насилството во општеството се повеќе станува решение за многу луѓе, Јовановска ја наоѓа во сиромаштијата и нискиот животен стандард. Според неа, тоа се вистинските фактори, кои предизвикуваат за…

ПОВЕЌЕ ...

01.09.2018 година – Денес во ООУ “Кирил и Методиј” во Македонска Каменица со кратка пригодна програма започна новата учебна 2018/19 година. На присутните ученици и родители во училишниот двор покрај директорот на училиштето Габриела Стоименовска, им се обрати и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Која во своето кратко обраќање најпрвин им посака среќа и успех во новата учебна година на учениците, родителите и наставниците. Нагласувајќи дека денешниов ден е празник за новата генерација ученици, која денес како ученици во прво одделение го започнува образовниот процес, а веќе утре ќе ја носи иднината на нашата Општина. Сите ние имаме одговорност…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.08.2018 – Во рамки на активностите за одбележување на 28. Август – Денот на рударите, Рудник за олово и цинк САСА од Македонска Каменица, обезбеди финансиска поддршка во реализацијата на две приоритетни потреби на локалната заедница. Конкретно, Рудник САСА обезбеди финансии за набавка на специјално возило за потребите на општинското јавно претпријатие „Камена река“, како и музички инстумент – пијано за Културно информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица. „Овие две донации се само еден дел од вкупната поддршка што континуирано ја обезбедува Рудник САСА за потребите на заедницата. Среќни сме што и на ваков начин можеме да го…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 28.08.2018 година – Намалување на старосната граница за пензионирање на рударите, денеска најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, при посетата на Македонска Каменица по повод Ден на општина Македонска Каменица и Ден на рударите. Таа од Македонска Каменица соопшти дека од 2019 година измените за рударите предвидуваат жените да се пензионираат со 35 години работен стаж, додека мажите со 40 години работа. Намалување на старосната граница за пензионирање на рударите, денеска најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа од Македонска Каменица соопшти дека од 2019 година измените за рударите предвидуваат жените да…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 26.08.2018 година – Денес, во Домот на култура во Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ се одржа прес конференција на која беше презентиран проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“. Реализацијата на проектот, кој е дел од IPA програмата, доаѓа по повеќе годишна соработка помеѓу КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица и Народоното читалиште „Гепрги Тодоров 1885“ од општина Белица, Република Бугарија. Реализацијата на проектот во себе опфаќа реконструкција на зградата од Културниот центар на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица и обезбедување…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса доживеа нов пораз во второто коло од новата второлигашка сезона. На теренот на еден од претендентите за влез во Првата Македонска Фудбалска Лига, Борец 1919 Велес, ФК Каменица Саса е поразена со 3:0. ФК Каменица Саса на овој натпревар настапи со следниов состав :

ПОВЕЌЕ ...

Македонците често знаат да направат интересни подвизи. Едни од оние кои се решија на „лудост“ се Ѓорѓи Николов и Ѓоко Шуклев од популарното селце опеано од Игор Џамбазов – Стојаково. Двајцата решија со автомобил Рено 4 – вистински олд-тајмер, да патуваат до Ница за да го изложат францускиот легендарен автомобил на саем. 39752004_315043642387833_4310459672533401600_o.jpg Ѓорѓи Николов е цел живот професионален камионџија и ги владее патиштата низ цела Европа. Ѓоко, пак, од мали нозе е автомеханичар и обожува адреналин. Посебно го мотивира реконструкцијата на старите возила. Техничка поддршка добија од Глигор Трајков и Ангел Арнаудов. „Идејата беше да го промовираме Стојаково малку…

ПОВЕЌЕ ...