Author: Media Point

Во Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, денеска се одржа работилница „Креирање визија за Осогово – идно заштитено подрачје” во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Целта на работилницата е да се информираат локалното население и засегнатите страни за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и да се вклучат во креирањето заедничка визија за Осоговскиот регион. – Програмата за зачувување на природата во Македонија не ги гледа чисто конзервациските аспекти за зачувување на природата, туку е со пристап за одржливо искористување на природните ресурси и…

ПОВЕЌЕ ...

Традиционалната манифестација „Пијанечки денови на сливата“, настан кој има за цел промоција на пијанечкиот бренд – сина слива, ќе се одржи на 21 септември во Делчево. Како што информираа од општина Делчево, во рамките на јавниот настан ќе биде прикажан начинот на подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за Пијанечкиот крај. – На едно место на отворено во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова ракија, ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи. На штандовите ќе се изложат традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да…

ПОВЕЌЕ ...

Само вчера, во регионот се случиле  три несреќи во сообраќајот. Едно лице е тешко повредено, а причинета е и огромна материјална штета. Кочани и берово се местата на кои се случиле несреќите, во кои за среќа загубени човечки животи нема. Во Кочани, возач на автомобил удрил во заштитна дворна ограда. Освен оштетеното возило, возачот поминал без повреди. Во истовреме, негов сограѓанин, од засега неутврдени причини во централното градско подрачје се превртел со својот мопед. Како последица од сообраќајката, повредениот 24-годишен кочанец Т.П. е хопситализиран во штипската Клиничка болница и е надвор од животна опасност. Вчерашниот неделен ден бил баксузен и…

ПОВЕЌЕ ...

Беровските и кочанските автобуски превозници ги намалуваат линиите. Дивите возачи им ги краделе патниците. Од некогашните 12 и повеќе автобуски линии, овие два града сега ќе се сведат на најмногу три. Ова денес го истакнаа од Асоцијацијата на превозници Исток, од каде истакнаа дека автобускиот превоз пропаѓа, а државата од тоа годишно губи околу 600. милиони денари: Според Асоцијацијата, до пред три години капацитетот на автобус со 50-ина седушта бил исполнет со 65 проценти, сега состојбата е алармантна и со легитимните превозници се превезуваат само 30 до 40 проценти од патниците. На нелегалната конкуренција не можат да одговорат ниту…

ПОВЕЌЕ ...

12.09.2018 гоина (МВР) 41-годишен жител на Охрид заработи кривична пријава, откако стори кривично дело „предизвикување општа опасност“, откако сакал со автомобилот да влезе во казино. „СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „предизвикување општа опасност”.  На 01.09.2018 околу 00.20 часот пријавениот, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на ул.„Партизанска” во Охрид“, велат од МВР.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 12.09.2018 година- На интернационалното натпреварување во дисциплината STREET WORKOUT во Пула,Хрватска македонските преставници имаа долга низа на освоени медали и се претставија во одлично светло. Најискусниот меѓу нив и долгогодишен успешен на меѓунардна сцена, Бошко Стаменковски го освои првото место во дисциплината PUSH UP CHALLENGE STREET WORKOUT, додека одлично се претстави и во PUSH UP CHALLENGE BATLE 1vs1 STREET WORKOUT. Останатите македонски учесници Александар Христовски имаше три освоени медали во дисциплините: Pull up 1 место, Pull up со 32 кг 2 место и dipss 3 место. И третиот учесник Атанас Дебников освои второ место во dipss.

ПОВЕЌЕ ...

Владата денеска на седница усвои измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување  со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Измените наскоро ќе бидат доставени на гласање во Собранието на Македонија, а ќе почнат да се применуваат од почетокот на идната година. „Согласно ветеното во програмата за работа, Министерството за труд и социјална политика преку Владата на Р.Македонија изготви законско решение со кое рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се…

ПОВЕЌЕ ...

Иако е рано да ја најавуваме зимата, на која сигурно повеќето од вас не сакаат ниту да помислат во овој момент, Славчо Попоски веќе прави прогноза. Неговите анализи за претстојната зима велат дека за разлика од минатата година ќе биде постудена со повеќе продори на студен воздух од север и од североистокот на евроспкиот континент. Тие студени бранови со судир на нешто потоплите воздушни маси, како што се прогнозира, кои би се наоѓале над овие краишта би условиле формирање на циклонски системи кои би се движеле кон Балканот и Македонија и истите би донеле почести врнежи од дожд и од снег.…

ПОВЕЌЕ ...

САД денеска одбележува 17 години од терористичкиот напад во кој загинаа над 3.000 луѓе. Станува збор за најсмртоносниот напад на американското тло, кога два авиона удрија во Светскиот трговски центар Менхетен, а третиот удри во Пентагон, а четвртиот се сруши во руралниот дел на Пенсилванија. 17 години подоцна и понатаму постојат низа теории  зад нападот на 11. септември 2001 година. Официјално, зад нападот стои Ал Каида, припадниците на групата кои преживееа тогаш беа уапсени. Сепак, светот се повеќе се занимава со теорија на заговор, кој би можел и во чиј интерес бил терористичкиот напад кој го промени светот. По нападот,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 11.09.2018 година – На 12.09.2018 (среда) во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица, со почеток од 19:00 часот ќе се оддржи дискусија на тема „Евроатлантските интеграции и придобивките за НВО секторот од членството во ЕУ и НАТО“. Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, поканата е упатена за дискусија за актуелни прашања од посебно значење за напредокот на Република Македонија. На дискусијата ќе се разговара за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата, како и за претстојниот референдум кој…

ПОВЕЌЕ ...