
Градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните на Општината.
Во проддолжение во целост ви ја пренесуваме честитката:
„Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на општина Македонска Каменица, дозволете ми да ви го честитам најголемиот државен празник 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија.
На овој ден, пред точно 27 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно на референдум се изјаснија за своја слободна, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.
Денес, Република Македонија мошне смело и успешно чекори по својот трасиран пат. Нам, на сите граѓани ни преостанува да продолжиме да работиме за просперитетна и сигурна иднина на нашите деца. Сите заедно сплотени и обединети да ја возидигнеме Република Македонија во држава со кoja ќе се гордееме“!
Нека ни е честит и вековит 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија.
Да живее Република Македонија!
Со почит
Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица

