Во пехчевското село Негрево официјално отпочна со работа Едукативниот центар за зачувување на природата, кој е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), координиран од Фармахем.

Како што истакна пехчевскиот градоначалник Драги Тренчовски, со реконструкцијат
Како што информираше заменик-министе

– Станува збор за проект преку кој Осоговските планини и Ченгино Кале ќе се дефинираат како заштитени области со што до израз ќе дојде она што за мене е најважно,а тоа е да се разбие табу темата дека заштитените подрачја се стаклена зона во која никој не смее да стапне. Напротив преку развој на концептот на екосистемски услуги ќе видиме дека може секоја општина може и да заработи од таа убавина што ја поседува и затоа сум горд што сум дел од овој настан кој денес се случува во Негрево, а ќе бидам уште погорд кога ќе бидат пуштени и другите заштитени подрачја, рече Макрадули.
На настанот присуствуваше и амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Техада која најави продолжување на поддршката за проектите за заштита на подрачјата околу Брегалничкиот регион.
– Како швајцарска Амбасада ќе продолжиме со нашата поддршка за ваквите и слични проекти во Брегалничкиот регион. Среќни сме за отворањето на овој едукативен центар што е мошне важно за идните генерации и млади луѓе за да бидат добро едуцирани и заинтересирани за природата и нејзината заштита, рече Техада.
Како што истакна заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов, едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево во следниот период ќе биде корисен ресурс за основните и средните училишта, за спроведување на еднодневни екскурзии, како и за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и подобрување на односот на човекот кон природата.
