Author: Media Point

ОУ ,, Кирил и Методиј”, Македонска Каменица. Некогаш, некој далек 24 Мај. Пане директорот, потоколарно пристоен, оделосан и машносан лик, прав раководител, преку звучникот најавува а во сите училници се слуша.. – Приредбата по повод ,,Патрониот празник” на нашето училиште, за учениците ќе биде во 11 30, ,,Свечената академија” за возрасните , 18 30, кино сала. Часовите скратени, наставниците по физичко за утре нека ги спремаат екипите за турнирот во мал фудбал. ,, Академијата” мислиш колосеумот во Рим.. Перфектни рецитали и изведби пред сериозен свет од провинцискиот формиран џет сет. Рудничкиот естаблишмент, Симо, Тише, Ване Ацек, од задругите трговците, Јован,…

ПОВЕЌЕ ...

🔴 Успешно спроведен проектот „Младински ХАБ Млади исток“ кој обезбедува поддршка за младите претприемачи во Источниот регион Во Македонска Каменица, на 22. Мај во петок, на завршната прес конференција во Домот на култура, се сумираа резултатите од проектот „Моја идеја наша реализација – Младински ХАБ Млади исток“. Проектот во изминатите осум месеци им даде конкретна поддршка на младите од Источниот регион. Проектот го спроведе Здружението Надеж од Македонска Каменица, со цел да ги зајакне знаењата и вештините на младите од општините Македонска Каменица, Виница и Делчево за управување со социјални претпријатија. Во рамките на проектот беше формиран младински ХАБ „Млади…

ПОВЕЌЕ ...

Со свечена академија и културно-духовна програма Делчево го започна чествувањето на празникот на патроните Св. Кирил и Методиј Со свечена седница и богата духовно-културна програма, во Делчево започна тридневното чествување посветено на Светите Кирил и Методиј – патрони на градот Делчево и сесловенски просветители и учители. Настанот се одржува во организација на Делчевско-каменичката епархија, а присуствуваа претставници на локалната самоуправа, свештенството и голем број граѓани. На почетокот од свеченоста се обрати претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стоименовски, по што свое обраќање имаше и градоначалникот Иван Гоцевски. Во својот говор, Гоцевски нагласи дека Делчево со длабока почит и гордост…

ПОВЕЌЕ ...

НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево спроведе редица активности за успешно одбележување на 150 години од Разловечкото востание Делчево, 22. Мај 2026 година – По повод одбележувањето на 150 години од Разловечко востание, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево како носител на проектот, поддржан од Министерството за култура и туризам и во соработка со Општина Делчево, реализираше низа активности во рамки на програмата за овој значаен јубилеј. Од установата информираат дека паралелно со организациските активности, беше спроведено целосно уредување и реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание, каде беше поставена нова историска музејска поставка, како активност поддржана од Министерството за…

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 21. Мај 2026 година – Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврди распределбата на 9 милиони 414 илјади евра од УЕФА кон домашните клубови за сезоната 2025/26. Средствата се наменети за клубовите од Првата, Втората, Женската лига и Првата футсал лига, според критериумите на УЕФА. Сите клубови од Втората МФЛ добија по 10 илјади 944 евра. Меѓу нив е и ФК Каменица Саса од Македонска Каменица. Клубот се издвојува по финансиската дисциплина – кон ФФМ должи само 922 денари. Тоа го прави еден од најмалку задолжените второлигаши. За споредба, Победа должи над 2 милиони 200 илјади денари,…

ПОВЕЌЕ ...

Возљубени браќа и сестри во Христа, денес Светата Црква го празнува големиот Господов празник – Вознесение Христово, познат меѓу народот како Спасовден. Четириесет дена по Своето славно Воскресение, Господ Исус Христос им се јавувал на учениците, поучувајќи ги и укрепувајќи ги во верата. А денес, пред нивните очи, се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, отворајќи му го на човекот патот кон вечниот живот и небесното Царство. Со Своето Вознесение, Христос не го напушти светот, туку остана секогаш присутен со Својата љубов, благодат и Црква. Овој празник нè потсетува дека нашата вистинска татковина е на небото и дека…

ПОВЕЌЕ ...

Епископот Марко во визитација во Габрово и средба со црковните одбори ДЕЛЧЕВО – На 17-ти мај 2026 година, епископот Делчевско-каменички г. Марко изврши канонска визитација во село Габрово, каде што направи увид на досега изградените помошни простории при храмот „Св. вмч. Димитриј“. Во разговор со членовите на црковниот одбор, епископот се запозна со текот на работите и идните планови за изградба на нови помошни објекти. По посетата на храмот, г. Марко оствари средба со претставниците на сите црковни одбори од Делчевско-каменичката епархија. На средбата се разговараше за секојдневните проблеми и пречки во нивното функционирање, при што одборите реферираа за досега…

ПОВЕЌЕ ...

ВИНИЦА ДОБИ НОВ ЗАТВОРЕН ГРАДСКИ ПАЗАР И ПОВЕЌЕ РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО УРБАНАТА И РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ По шест месеци интензивни градежни работи, Општина Виница денеска и официјално го доби новиот, модерен затворен градски пазар. Објектот ќе го користат граѓаните од Виница и од околните населени места. Новиот пазар се простира на 1.810 квадратни метри. Во него има дуќани за овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административни простории, санитарни јазли и 87 челични продажни пултови. За изградбата се потрошени 24 милиони денари, целосно обезбедени од Буџетот на Општина Виница. Паралелно со изградбата, беше уреден и просторот околу пазарот. Поставена е нова…

ПОВЕЌЕ ...

КОНЦЕРТ НА „КВАРТЕТ САКСОФОНИ“ ВО “БЕЛИ МУГРИ” КОЧАНИ Концерт на „Квартет Саксофони“ ќе се одржи на 19-ти мај, вторник, со почеток во 19 часот и 30 минути, во салон фоајето 2 на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани. На програмата се познати мелодии, современи аранжмани и безвременски композиции во изведба на четворица саксофонисти: Горан Кавраков, Славица Деспотова, Никола Темелков и Даме Камчев. Квартетот го предводи Горан Кавраков – магистер по саксофон, професор и долгогодишен музичар со богата концертна кариера, познат и како член на групата Нокаут. Останатите членови се активни педагози и уметници со бројни настапи и…

ПОВЕЌЕ ...

Виница, 17. Мај 2026 година – Премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Општина Виница. Тој ја искористи оваа прилика да најави и почеток на реализација на клучни инфраструктурни и здравствени проекти за источниот регион на државата, соопштуваат од Владата. Премиерот упати честитки до градоначалникот на Виница за, како што рече, исклучително мотивираната и успешна работа. Тој изрази благодарност и до општинските советници, администрацијата, министерот за транспорт, како и до локалната пратеничка, потенцирајќи дека нивното секојдневно залагање придонесува за развојот на целата општина и регионот. Во своето обраќање, Мицкоски најави почеток на реализација…

ПОВЕЌЕ ...