Author: Media Point

Обвинетиот Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет, меѓу кои и за наведување на самоубиство на Ивана и Катја. Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на својата ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места и во присуство на детето. Јовановски ѝ се заканувал велејќи ѝ дека ќе ја избрка од станот, ќе ја убие и ќе ѝ ја земе Катја. За сите три дела на Јовановски изречена…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 50  став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 84/20, 202/24) и42 став 1 точка 4 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ број 15/2013, 2/2019 и 1/2021),а согласно член 2 од Одлукатаза констатирање природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево заведена под бр.09-1518/1 од  ден 06.05.2026 година(„Службен гласник на Општина Делчево“ бр.6/2026),  Градоначалникот на Општина Делчево објавува ЈАВЕН ПОВИК За пријавување  штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево во месец мај 2026 година Општина Делчево…

ПОВЕЌЕ ...

Празнична Литургија за Ѓурѓовден во Македонска Каменица На 6 мај, на празникот Преполовение и споменот на Свети Георгиј, епископот Делчевско-каменички г. Марко служеше Празнична Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. По прочитаното Евангелие, епископот се обрати пред верниците со празнична беседа. На крајот од Литургијата, присутните верници ги примија Божествените Дарови.

ПОВЕЌЕ ...

ЕД “Здравец 2002” го постави првиот монитор за квалитет на воздух во Македонска Каменица Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, во партнерство со Smart Flow од Скопје, го постави првиот PurpleAir Zen монитор за квалитет на воздух во градот. Современиот уред овозможува следење на квалитетот на воздухот во реално време, со фокус на PM2.5 честичките. Со ова, граѓаните ќе имаат пристап до точни и јавно достапни информации за состојбата на воздухот преку дигитални платформи и паметни уреди. Податоците во реално време се достапни на веб-страницата http://map.purpleair.com. Од „Здравец 2002“ велат дека оваа иницијатива е значаен чекор кон поздрава и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија денеска го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција, датум кој од 1993 година официјално се празнува како ден на полициските службеници и безбедносните структури во државата. Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај е востановен како Ден на македонската полиција, наместо дотогашниот 13 мај. Датумот е избран во чест на Смилевскиот конгрес од 1903 година, кога била организирана безбедноста на населението и делегатите во пресрет на Илинденското востание. Смилевскиот конгрес се одржал од 2 до 7 мај 1903 година во демирхисарското село Смилево, родното место на Даме Груев. Во тие…

ПОВЕЌЕ ...

Со децении, стратегијата на Европската Унија кон Западниот Балкан беше дефинирана од логиката „во пакет”: идејата дека регионалната стабилност најдобро се обезбедува со тоа што соседните кандидати се движат заедно кон Брисел. Овој пристап беше осмислен да ја поттикне регионалната соработка и да спречи било која држава да се почувствува напуштена. Но како што навлегуваме во 2026 година, идејата за „во пакет” дефинитивно се распадна. Пишува: Кристијан МИЦЕВСКИ Неодамнешното „раздвојување“ на Албанија и Македонија означува промена во политиката на проширување на ЕУ. Брисел се сврте кон строг „принцип на регата“, каде секој брод плови со своја брзина врз основа на…

ПОВЕЌЕ ...

Финале на турнирот „Рудник САСА 2026“: Се одлучува за шампионот во мал фудбал во М. Каменица По возбудливите полуфинални натпревари, турнирот во мал фудбал „Рудник САСА 2026“ влегува во својата завршница, со натпреварот за трето место и големото финале што ќе се одиграат утре, четвртрок, 7 мај, во спортската сала при основното училиште во Македонска Каменица. Програмата започнува во 19:00 часот со дуелот за третото место, каде ќе се соочат екипите на Технички служби и Хоризонт 800 – Капитални објекти. Финалниот натпревар, кој ќе го даде победникот на годинешниот турнир, е закажан за 20:00 часот, а за титулата ќе се борат тимовите на Хоризонт 910 и Машинско одржување – Епирок. По…

ПОВЕЌЕ ...

Во стравичната несреќа кај Славонски Брод во Хрватска, кога камион со македонски регистерски таблички удрил во столб и се запалил, загина возач од Струмица, кој возел за транспортна фирма од Куманово. Пред неполни два часа сопственикот на фирмата бил информиран дека во несреќата изгорел камионот и настрадал возачот, по што се упатиле кон местото на несреќата, пренесува Канал 77. Ова за медиумот го потврдила Билјана Муратовска од Макамтранс, која рекла дека по регистарската табличка се утврдила сопственоста на камионот. – Многу малку информации има за несреќата и дури претпладнето беше потврдено за која македонска компанија се работи, рече Муратовска. Според официјалната информација…

ПОВЕЌЕ ...

Секоја година со приближувањето на летната сезона, македонското угостителство се соочува со ист проблем кој наместо да се намалува, добива сè поголеми размери: заминување на работниците кон странство и недостиг од домашен кадар. Овој тренд особено е изразен кај сезонските работници, кои во голем број ги напуштаат работните места во ресторани, кафулиња и хотели и се упатуваат кон туристичките центри на Јадранското Море, пред сè во Хрватска. Причината е едноставна: повисоки примања, обезбедено сместување и храна, како и можност за значително поголема заработка во неколкумесечна работа. Домашните угостители, пак, влегуваат во летото со сериозен кадровски дефицит. Според нивните проценки, недостига…

ПОВЕЌЕ ...

Женската пејачка група „Ѓурѓа“ од Делчево прима нови членови НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево објави оглас за прием на нови членови во Женската пејачка група „Ѓурѓа“. Во соопштението се вели дека се бараат лица со љубов кон традиционалната македонска песна и интерес за негување на културната традиција. Пријавувањето е во тек во просториите на Центарот за култура – Делчево. Рокот за пријавување е 10 работни дена.

ПОВЕЌЕ ...