ЖФК Каменица САСА со убедлива победа 6:0 во Кочани
ЖФК Каменица САСА ја заврши сезоната во Првата женска фудбалска лига со убедлива победа од 6:0 на гостувањето кај ЖФК Кочани.
Расположени за игра и за голови, нашите фудбалерки доминираа од првата до последната минута. Хет-трик постигна Ана Димитровска, а во листата на стрелци се запишаа и Јована Петрушовска и Гоја Тчеури.
Иако подмладена со фудбалерки од младинските категории, екипата чекор по чекор гради победнички стил и сезоната ја завршува на горниот дел од табелата.
Честитки за целата екипа! Со овие резултати, наредната сезона Каменица САСА излегува со повисока цел и амбиции за поголеми успеси во женскиот фудбал на Македонија.

