Author: Media Point
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Со голема борбеност, спортски дух и атрактивни потези заврши првото издание на меѓународниот детски турнир „Рударски Куп 2026“, во организација на ФК Каменица Саса. Во два натпреварувачки дена на Градскиот и Помошниот стадион настапија околу 500 млади фудбалери од Србија, Бугарија и Македонија, поделени во четири возрасни категории. Кај генерација 2014 триумфираше Куманово Еуроспорт пред Детонит Плачковица и Тиквеш. Во 2015/16 најдобар беше Вардар, следен од Борец Јуниор и Малеш. Брера Струмица славеше кај 2017/18 пред домаќинот Каменица Саса и ФА Христов, додека кај најмладите, генерација 2019, златото повторно го зеде Куманово Еуроспорт пред Брегалница Делчево…
Се продава градежна парцела во строг центар на Македонска Каменица, веднаш до општинската зграда На продажба е градежна парцела со површина од 350 м² лоцирана во самиот центар на Македонска Каменица, веднаш до општинската зграда. Станува збор за исклучително атрактивна локација погодна за станбена или деловна градба. Парцелата поседува маркица за основа од 142 м² и има издадено одобрение за градба со катност П+2. Целокупната документација е комплетно уредена и спремна за отпочнување со градба. Им изработен архитектонски план, со целосно платени комуналии. Веднаш можат да бидат обезбедени сите потребни приклучоци за струја, вода и канализација. Купувачот нема дополнителни трошоци…
Успешен настап на ДПД Кочани на меѓународниот натпревар ВИП 2026 во Петроварадин Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија. Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното 🥉 трето место. Упатуваме голема благодарност до домаќинот и организатор на натпреварот, ДВД Петроварадин, за одличната организација, топлиот прием и гостопримството што ни го укажаа во текот на целиот настан. Исто така, искрено им се заблагодаруваме на Мак Рент од…
Денеска и официјално ќе биде отворен трансфер пазарот во македонскиот фудбал, со што екипите ќе може и официјално да ги регистрираат новите засилување за следната сезона. Летниот трансфер период се отвара денес (15 јуни), а ќе биде активен до 6 септември кога истиот ќе биде затворен, за разлика од летниот, зимскиот трансфер период е од 15 јануари до 11 февруари. Клубови во изминатиот период не беа многу активни со промовирање на играчи, но се очекување со отварање на летниот трансфер пазар активирање на екипите како од Првата така и од Втората лига, но тука се вклучува и женскиот фудбал како…
Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица. Според Николоски, овие инвестиции ќе придонесат за рамномерен развој низ сите региони. „Експресниот пат Куманово -Страцин е дел од Планот за раст со Европската Унија, ќе има и ИПА компонента, така што очекувам до следната година заедно со Европската…
По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник на планината Осогово, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска е потврдена веста дека тој е пронајден починат во планински предел. Откако бил пријавен за исчезнат, изминативе денови се спровела интензивна потрага по него во поширокиот планински регион. Починатиот боледувал од деменција, што дополнително ја отежнувало потрагата и неговата ориентација во просторот. Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а телото ќе биде предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, со цел да се утврдат сите околности за смртта.
Дваесет години од рестартирањето: Рудник Саса продолжува да инвестира во луѓето и локалната заедница
Дваесет години од рестартирањето: Рудник Саса продолжува да инвестира во луѓето и локалната заедница Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска (12 јуни 2026) одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи. Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето на рудникот ќе бидат засадени 20 нови дрвја во паркот „Младост“ во Македонска Каменица, кој претходно беше изграден токму со поддршка од Рудник Саса.…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска престојува во работна посета на Турција и учествува на Бизнис-форумот Македонија – Турција во Истанбул, упати повик до турските компании да инвестираат во земјава и да станат дел од, како што рече, „развојната приказна на Македонија“. Обраќајќи се пред претставници на турската бизнис-заедница, Мицкоски истакна дека Северна Македонија и Турција имаат традиционално добри и пријателски односи, кои претставуваат цврста основа за натамошно продлабочување на економската соработка. – Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка…
Новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри воведува построги правила за локациите, рекламирањето, лиценците и контролата на приредувачите на игри на среќа. Собранието го усвои Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат построги правила за работењето на казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа. Законот беше изгласан со 59 гласа „за“ и девет „против“, а една од клучните новини е обврската објектите за игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Новото законско решение доаѓа по повеќегодишни јавни расправи и реакции за присуството на објекти…
ОО Црвен Крст Делчево освои прво место во проектот ЦКА ПХВ Општинската организација на Црвен крст Делчево ја освои првата награда на националниот проект ЦКА ПХВ за 2026 година. Признанието доаѓа по шест реализирани активности, секоја оценета со највисоката оценка „сонце“. Волонтерите спроведоа еко акција за уредување паркови со Општина Делчево, реновирање на влезот во детската градинка „Весели Цветови“, како и хуманитарна помош за петчлено семејство од Делчево и тричлено семејство од Македонска Каменица. Во рамки на проектот беа реализирани и интеркултурна тријазична книга за различностите во заедницата и целосно реновирање на просторија за млади волонтери во Македонска Каменица. Од…
