Успешен настап на ДПД Кочани на меѓународниот натпревар ВИП 2026 во Петроварадин
Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија.
Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното 🥉 трето место.
Упатуваме голема благодарност до домаќинот и организатор на натпреварот, ДВД Петроварадин, за одличната организација, топлиот прием и гостопримството што ни го укажаа во текот на целиот настан.
Исто така, искрено им се заблагодаруваме на Мак Рент од Кочани, кои со својата поддршка ни го овозможија ова патување и учество на натпреварот.
Ваквите меѓународни натпревари не се само можност за спортски и натпреварувачки успех, туку и за стекнување нови знаења, искуства и пријателства. Токму овие контакти и размена на искуства се од огромно значење за развојот и унапредувањето на нашето друштво.
Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација и посветеност!

