Денот се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата”. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се…
Author: Media Point
Утре е Духовденска задушница — ден кога молитвено се сеќаваме на нашите упокоени, на нашите родители, дедовци, баби, роднини и пријатели кои заминале од овој свет со надеж во воскресението. Но, задушницата не е само ден за посета на вечните поливалишта, туку пред сè ден за молитва, покајание и духовна љубов кон оние што ги сакаме. Најголемото нешто што можеме да го направиме за нашите покојни не е храната што ја носиме, ниту богатите трпези покрај гробовите, туку нашата искрена молитва. Душите на упокоените немаат потреба од раскош и надворешни обичаи, туку од милост Божја, од нашите солзи, од нашите…
Ловното друштво „М. Каменица – Саса“ со нови инвестиции во ловиште “Вратиславци” Ловното друштво „М. Каменица – Саса“ изгради нов ловно-технички објект, согласно финансиската програма за развој на Ловиште број 5 – Вратиславци. Истовремено, санирана е и постоечката помошна просторија во објектот „Караула“. Со овие активности, друштвото продолжува неуморно со планираните проекти за подобрување на условите во ловиштето. Голема благодарност упатуваат до мајсторите и ловџиите кои активно се вклучија во реализацијата.
ФК „КАМЕНИЦА САСА“ ГО ОБЈАВИ ТЕРМИНОТ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ТРГНУВАЊЕ НА НАВИВАЧИТЕ ВО БИТКАТА ЗА ОПСТАНОК ВО КРАТОВО Македонска Каменица – Во сабота, 30 мај 2026 година, ФК „Каменица Саса“ игра бараж натпревар за опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Дуелот на Градскиот стадион во Кратово започнува во 16:30 часот. Клубот организира бесплатен превоз за сите навивачи. Собирањето е во 13:30 часот на паркингот пред Поштата во Македонска Каменица, а тргнувањето кон Кратово е точно во 14:00 часот. Обезбедени се и 200 бесплатни влезници. ФК „Каменица Саса“ упатува повик до сите граѓани и љубители на фудбалот од градот и регионот да…
СЕ ПРОДАВА ТРОСОБЕН СТАН ОД 85m² ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се продава трособен стан во Македонска Каменица со вкупна површина од 85 m². Станот се наоѓа на улица „Александар Македонски“. Идеален за семејно домување, со комфорен и функционален распоред. Повеќе и подетални информации исклучиво на телефон 071 549 621.
Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Упатуваме повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на македонската Армија да ја искористат можноста и да се пријават! Критеруми: да се македонски државјани; да не се постари од 21 година (на денот на пријавување и поднесување документи); завршено четиригодишно средно образование; психофизички способни (утврдува военолекарска комисија). https://ma.edu.mk/announcements-competitions/260527-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na
Тринаесетгодишник е пренесен во болница со изгореници и поради труење од чад, по пожарот што денеска избувнал во стан во центарот на Скопје. Од МВР информираа дека „Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“. Според неофицијалните информации, пожарот избувнал во стан каде детето било оставено само. Додека тоа готвело, случајно се запалиле кујнска крпа или сунѓер. Во обидот да го изгаси огнот, детето ги земало запалените предмети и ги изнело на терасата, но таму имало алишта кои се сушеле, па се развил густ чад кој ги…
Започнува подготовката на техничка документација за главниот доводен цевковод за топла вода на релација Долни Подлог – Кочани Кочани, 27 мај 2026. Денеска во Општина Кочани беше одржан состанок по повод потпишувањето на договорот за изработка на техничка документација за главниот доводен цевковод за топла вода на релација Долни Подлог – Кочани, заедно со главниот резервоар. Изработката на техничката документација се реализира во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ на УНДП, финансиран од Владата на Шведска, преку Фондот за техничка документација. Со подготовката на проектната документација ќе се создадат предуслови за понатамошно аплицирање и обезбедување…
Виница, 27. Мај 2026 година – Реконструкцијата на спортските терени во ООУ „Гоце Делчев“ во Виница официјално започна. Ракометното и кошаркарското игралиште ќе добијат целосно нов и модерен изглед, со цел подобри услови за учениците и спортистите. Старата асфалтна подлога се заменува со современа еластична спортска подлога тартан CASALI – SPORTRACK SC. Ќе бидат поставени нови кошаркарски табли, нови голови со мрежи, како и нова заштитна ограда околу терените. Вредноста на проектот изнесува 6.690.000 денари, а средствата се обезбедени како донација од општествено одговорната компанија „Касинос Аустриа Интернатионал“ ДОО Скопје. „Со оваа реконструкција им обезбедуваме на учениците и младите…
Младиот пејач Дамјан Стоименовски викендов одржа настап пред бројна публика во Македонска Каменица, приредувајќи вечер исполнета со емоции, познати хитови и одлична атмосфера. Со внимателно одбран репертоар и придружба од млад бенд, Дамјан изведе песни од домашната и регионалната сцена, а публиката пееше заедно со него во текот на целата вечер. “Ова беше еден од оние моменти што долго се паметат. Им благодарам на сите што беа дел од оваа вечер и што ми дадоа огромна поддршка“, изјави Дамјан по настапот. Настапот беше проследен со позитивни реакции на социјалните мрежи, каде што Дамјан сподели дел од атмосферата и фотографиите од…
