Author: Media Point
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе го одигра својот историски прв натпревар во главната ждрепка на Вимблдон во вторник, 30 јуни, со почеток од 12:00 часот по средноевропско време. Организаторите на третиот Гренд слем турнир во сезоната го објавија распоредот за натпреварите од првото коло, со што е потврдено дека Ѓорческа ќе настапи на теренот број 2, кој располага со капацитет од околу 4.000 гледачи. Македонската тенисерка, која преку квалификациите обезбеди место во главната ждрепка, ќе се соочи со шестиот носител и минатогодишна финалистка, Аманда Анисимова. Нивниот меч ќе ја отвори дневната програма на теренот број 2 во вториот натпреварувачки…
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека „многу кратка“ задолжителна воена служба ќе започне во март 2027 година. Тој го изјави ова во недела за време на обиколката на вооружувањето и опремата на воениот аеродром „Миленко Павловиќ“ во Батајница во близина на Белград. „Пред тоа ќе започнат бирократските процедури, а во март ќе започнеме со отслужување на многу кратка воена служба. Ова дополнително ќе ги зајакне нашите одбранбени способности“, рече Вучиќ. На почетокот на годината, тој објави дека ќе се воведе задолжителна воена служба и дека ќе трае 75 дена за мажи под 30 години. Српската армија официјално стана професионална на…
Македонската музичка сцена вечерва изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар и пејач Владо Јаневски. Јаневски зад себе остава богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении. Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.
Ако сакате летово да поминете повеќе време во дворот без постојана борба со комарците, природата нуди едноставно решение. Одредени растенија со своите есенцијални масла и силен мирис природно ги одбиваат инсектите, а воедно го прават дворот поубав и попријатен. Меѓу најдобрите природни сојузници се лавандата, босилекот, цитронелата, лимонската трева, рузмаринот, маточината и пиперковото нане. Нивниот интензивен мирис им пречи на комарците, а дел од нив може да се користат и во секојдневната исхрана или за подготовка на природни репеленти. Добар избор се и кадифите, лукот, фенхелот и евкалиптусот. Освен што придонесуваат за поубава градина, тие помагаат во намалување на присуството…
Кои земји се најскапи, а кои се најевтини во Европа? Рангирана е и Македонија јуни 28, 2026 Споредувајќи ги цените на стоките и услугите за широка потрошувачка, Евростат направи голема анкета за да открие кои се најскапите и најевтините земји во Европа. За да ја направат споредбата репрезентативна, тие ги базираа индексите на годишните национални просечни цени за повеќе од 2.000 такви стоки и услуги. Истражувањето користеше мерка позната како Вистинска индивидуална потрошувачка (AIC), која не само што гледа што домаќинствата купуваат со свои пари, туку вклучува и стоки и услуги што граѓаните ги добиваат од државата или непрофитните организации.…
Македонија ја очекува уште еден ден со високи температури и сончево време, при што живата во термометрите во одделни делови од земјата ќе се искачи до 38 степени Целзиусови. Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни поради жештините и да избегнуваат изложување на сонце во најтоплиот дел од денот. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска (28 јуни) времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, објави 4news.mk Утринските температури ќе се движат од 14 степени, додека дневните ќе достигнат до 38 степени, што го прави денот еден од најтоплите во овој период. Ќе дува слаб до…
КАМЕНИЧКА ПАРОХИЈА: ДАЛИ КОЦКАТА Е ПАТ КОН РОПСТВО ИЛИ КОН СЛОБОДА? Возљубени во Господа браќа и сестри, Живееме во време кога многумина веруваат дека среќата, парите и успехот се најважните нешта во животот. Човекот е опкружен со реклами кои ветуваат брзо богатство, лесна заработка и живот без труд. Една од најопасните измами што ги нуди современиот свет е коцката. На прв поглед, таа изгледа како обична игра. Некој ќе рече: „Играм само повремено“, или: „Тоа е само забава.“ Но Црквата не гледа само на надворешниот чин, туку на она што се случува во срцето на човекот. Зошто човекот игра? Што…
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Промена на времето се очекува од среда, кога е најавен мал пад на дневната температура. Воедно, локално ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. МИА
КОГА ПОЛИТИКАТА НЕ СЕ МЕША ЈАЗИКОТ НЕ Е ПРОБЛЕМ Грчка општина објави соопштение и на македонски јазик Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна во рок од 24 часа да ги соберат нивните предмети од плажите и порачаа дека целта е „слободни и достапни плажи за сите“. Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се…
Македонка во Италија го создаде дворот од соништата – сите остануваат воодушевени кога ќе го видат дворот на Ѓурѓица! Ѓуѓица Николовска ни ги отвори вратите на нејзиниот двор како од бајките. Во Италија го создаде својот мал рај на кој му се восхитуваат сите. Дека љубовта кон природата, трудот и посветеноста можат да создадат вистинска магија, најдобро покажува Македонката Ѓуѓица Николовска, која живее во Италија. Во градот Касине, во италијанскиот регион Пиемонт, таа заедно со своето семејство создала зелена оаза што плени со својата убавина и уреденост. Нејзиниот двор од 60 квадратни метри е вистински пример дека не е потребен…
