Author: Media Point
СЕ БАРА: Гаража за купување или изнајмување на Градскиот кеј во Македонска Каменица Се бара гаражен простор за купување или земање под долготраен наем на Градскиот кеј во Македонска Каменица. Доколку имате гаражен простор на наведената локација и сте заинтересирани за продажба или издавање, Ве молиме контактирајте не. Цена: По договор Контакт телефон: 070 342 600
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на социјалните мрежи ја пренесе информацијата дека е распишан тендерот за избор на најповолен понудувач кој што ќе го изработи идејниот проект и физибилити студујата за за изградба на експресен пат А3 делница, Кочани – Виница – Делчево. Покрај овој можеби и најзначаен проект за развојот на Делчево, Пехчево и Берово и Македонска Каменица од Јавното претпријатие за државни патишта објавија повеќе друг проекти за реализација кои се однесуваат на Делчево. “На крајот на месец јуни, слободно можеме да констатираме дека пристигнуваат одлични вести за Делчево и целиот источен регион! Во тек се неколку…
Во Кавадарци денеска се одржа првиот консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка, на кој беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за меѓуопштинска соработка, во присуство на претставници на четири плански региони. На настанот се обрати заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, кој истакна дека меѓуопштинската соработка претставува еден од најважните механизми за поефикасно извршување на локалните надлежности, подобро користење на расположливите ресурси и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните. Во своето обраќање, Селими нагласи дека предложените законски измени не претставуваат суштинска промена на постојниот концепт, туку негово унапредување со цел законот да стане појасен, попрактичен и полесно применлив…
Понекогаш една снимка трае само неколку минути, но остава рани што траат со години. Деновиве повторно бевме сведоци на вознемирувачко видео во кое неколку девојчиња сурово понижуваат свое врсниче. Додека едното дете плаче, моли да престанат и беспомошно ги трпи ударите, другите се смеат, снимаат со телефон и уживаат во неговото понижување. Најстрашното во ваквите сцени не се само шамарите. Најстрашно е кога ќе исчезне сочувството. Кога детските очи повеќе не препознаваат солзи, туку забава. Кога туѓата болка станува повод за смеа, а не за прегратка. Тогаш треба да си го поставиме прашањето: Каде децата научија дека човекот не вреди?…
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици, кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7 Мај“ во Полициската академија. Како што информираат од МВР, кандидатите што имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе може да се пријават на јавниот конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во Средното полициско училиште. Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во…
Бесплатен Wi-Fi на градскиот плоштад во Виница преку проектот WiFi4WB Граѓаните и посетителите на Општина Виница од сега имаат бесплатен јавен Wi-Fi на градскиот плоштад „Ангел Винички“. Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а ја спроведува GIZ како дел од проектот EU4Digital. Целта е да се овозможи бесплатен и сигурен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Виница ќе биде една од 500 општини во регионот што добиваат WiFi4WB мрежа, по примерот на европската програма WiFi4EU која покрива 7.000 локации низ ЕУ. Сите граѓани и гости можат бесплатно да…
Пунктот за рециклирање во Блатец сè уште затворен – МЗ Блатец со апел до граѓаните да не одлагаат отпад Месната заедница Блатец упати апел до жителите на селото во врска со пунктот за собирање и пакување отпад. Пунктот за стара хартија, лименки и пластика во Блатец, Општина Виница, сè уште не е ставен во функција. Од МЗ Блатец бараат граѓаните да не одлагаат отпад на локацијата, особено не несоодветен отпад како стар телевизор и друг комунален смет кој веќе е забележан околу објектот. Лицето кое го оставило телевизорот и сметот е повикано да го подигне и врати дома. Во спротивно,…
Превентивни здравствени прегледи на населението во Кочани Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани денеска кај Градскиот пазар во Кочани спроведе превентивни здравствени прегледи наменети за населението. На заинтересираните граѓани им беше измерено крвен притисок и шеќер во крвта при што им беа дадени совети за регулација на истите. Притоа, беа поделени и едукативни флаери за заштита од топлотен бран. Прегледите ги спроведоа волонтери, студенти на медицина и медицинско лице. Вкупно беа прегледани 180 лица.
Се продава двособен стан на улица Рударска во Македонска Каменица. Станот се наоѓа на 4-ти кат, истиот име две тераси. Цена по договор. Телефон за информации 070 566 871.
Виница се подготвува за Павловден – најавена повеќедневна културно-забавна програма Виница, 30 јуни – По повод Павловден, празникот на градот, Општина Виница најави повеќедневна културно-забавна програма наменета за сите генерации. Во рамките на одбележувањето ќе се одржат и традиционалните црковни чествувања во чест на Светите апостоли Петар и Павле, небесните закрилници на Виница. Градоначалникот Митко Костадиновски упати јавна покана до сограѓаните и жителите на целиот источен регион, заедно да ги споделат празничните денови. „Да го одбележиме достоинствено Павловден, празник што нè обединува, нè потсетува на нашите корени и вредности и нè инспирира со заедничка визија да продолжиме да ја градиме…
