Author: Media Point

Во Македонска Каменица приведена пијана жена возач со 1,77 промили алкохол во крвта Рано утринава во 03:33 часот, на улица „Каменичка“ во Македонска Каменица, полицијата запрела БМВ со делчевски регистарски таблички. Зад воланот била 33-годишната Н.А. од делчевско. При контролата било утврдено дека вози со 1,77 промили алкохол во крвта. 33 годишната возачка, веднаш е приведена во Полициското одделение Македонска Каменица, а возилото е одземено. Известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Јавен повик до приватни иматели за подарување архивски материјали Државниот архив на Македонија, во интерес на имателите и истражувачите од земјата и странство, постојано презема активности за откривање и евидентирање на архивски материјали што се наоѓаат во приватна сопственост. Ги повикуваме сите граѓани кои поседуваат архивски материјал (документација) да покажат општествена одговорност и да го подарaт на Државниот архив – институција која се грижи за колективната меморија и историското минато. На приватните иматели и правни наследници им се нуди можност да подарaт материјал од особено значење за националната и локалната историја, како и за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот живот во…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во мојот кабинет имав особена чест и задоволство да го пречекам младиот пливач Џефри Гил – извонреден спортист со потекло од Делчево, кој со своите успеси гордо ја претставува Македонија на меѓународната сцена. Џефри е вистински пример дека со посветеност, дисциплина и огромна љубов кон спортот можат да се достигнат и највисоките врвови. Неговото злато на Светското првенство во ледено пливање во Оулу, Финска, како и освоениот сребрен медал, претставуваат успех со кој се гордее целото наше Делчево, но и цела Македонија. Она што особено ме воодушевува е неговата неизмерна љубов кон Македонија. Иако е роден и израснат во…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска (30.06.2026 год.) со почеток од 10 часот , Советот на Општина Виница ќе одржи 10-та редовна седница, на чиј Дневен ред се наоѓаат следниве точки: Дневен ред 1. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето за градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Виница за 2026 година; 2. Предлог-Одлука за вршење на техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП 8.1.3 за Детален урбанистички план за Блок 8 дел 1 и 2, КО Виница Општина Виница донесен со Одлука бр.09-575 на 27.05.2025 година на Совет на Општина Виница; 3. План за оптимизација…

ПОВЕЌЕ ...

Четирикратниот шампион Германија и трикратниот вицепрвак Холандија се елиминирани од Светското првенство во САД, Канада и Мексико уште во првата нокаут-фаза, двете по изведување пенали. Откако по 120 минути игра со Парагвај беше 1:1, Германија го заврши настапот по поразот од 4:3 на пенали. Орландо Гил ги одбрани ударите на Хаверц и Волтемаде, а откако и Парагвај не искористи два пенала, трагичар на Германија беше дефанзивецот Џонатан Та. Ова е првпат во историјата на светските првенства Германија да биде поразена по изведување пенали. Откако стана светски првак во 2014, Германија двапати не успеа да ја помине групната фаза и сега…

ПОВЕЌЕ ...

📢 Прашај го градоначалникот! Имате проблем, предлог или прашање поврзано со работата на Општина Делчево? Сега можете директно да го поставите преку апликацијата „Прашај го градоначалникот“ – едноставна алатка што овозможува брза комуникација меѓу граѓаните и локалната самоуправа. (Општина Делчево⁠) 🟢 Пријавете проблем. 🟢 Поставете прашање. 🟢 Споделете предлог. Вашето мислење е важно, а секоја иницијатива придонесува за поодговорна, потранспарентна и поуслужна општина. 📲 Поставете го вашето прашање тука: https://www.delcevo.gov.mk/prashaj-go-gradonachalnikot

ПОВЕЌЕ ...

Освен возачот на возилото „нисан“, 34-годишниот Н. Џ. од Република Србија, повредени се и две сопатнички кои со возило на Итната медицинска помош се префрелни во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што утринава се случи на автопатот „Пријателство“ во близина на исклучувањето што води кон меѓународниот аердром „Скопје“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму додаваат дека сообраќајката се случила утринава во 5:30 часот кога возило со српски регистарски ознаки удрило во метална ограда и се превртело на патот. Освен возачот на возилото „нисан“, 34-годишниот Н. Џ. од Република Србија,…

ПОВЕЌЕ ...

Бизнисменот Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот на неговиот дом во скопската населба Карпош, потврди Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“. Според првичните информации од МВР, на 28 јуни 2026 година, околу 18:15 часот, во базен во дворот од куќа во Карпош бил пронајден без знаци на живот М, објави 4news.mk Ј. (58) од Скопје. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Институт за судска медицина за обдукција. Причините за смртта засега не…

ПОВЕЌЕ ...

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР). Во Скопје, како што прогнозираат, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе го одигра својот историски прв натпревар во главната ждрепка на Вимблдон во вторник, 30 јуни, со почеток од 12:00 часот по средноевропско време. Организаторите на третиот Гренд слем турнир во сезоната го објавија распоредот за натпреварите од првото коло, со што е потврдено дека Ѓорческа ќе настапи на теренот број 2, кој располага со капацитет од околу 4.000 гледачи. Македонската тенисерка, која преку квалификациите обезбеди место во главната ждрепка, ќе се соочи со шестиот носител и минатогодишна финалистка, Аманда Анисимова. Нивниот меч ќе ја отвори дневната програма на теренот број 2 во вториот натпреварувачки…

ПОВЕЌЕ ...