Author: Media Point

ТППЕ Делчево со нова противпожарна опрема од Дирекцијата за заштита и спасување Делчево, 9 јули 2026 – Територијалната противпожарна единица во Делчево денеска ја презентираше новата противпожарна опрема, обезбедена преку соработка со Дирекцијата за заштита и спасување. „Како локална самоуправа, остануваме целосно посветени на зајакнување на капацитетите на нашата ТППЕ, со цел таа секогаш да биде подготвена да одговори на предизвиците и да ги заштити граѓаните и нивниот имот“, изјави градоначалникот Иван Гоцевски. Тој упати апел до граѓаните да не палат оган на отворен простор и одговорно да се однесуваат во природа: „Се надевам дека оваа опрема ќе служи како…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС за продажба на викендица во изградба, со 5 декари дворно место на Побиен Камен, во Долна Цера, на 1100 метри надморска височина Во непосредна близина на познатата месност Побиен Камен, во село Долна Цера, се продава викендица во изградба со основа од 95 м². Сместена на 1100 метри надморска височина, локацијата нуди чист планински воздух, целосен мир и отворен поглед кон околните планински предели на Осогово и Плачковица. Имотот има уредена парцела од 5 декари и сопствен извор за вода со бушотина од 75 метри дланочина, што овозможува простор за двор, градина, овоштарник или дополнителни содржини по ваш избор.…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалот создава пријателства кои траат цел живот, а тоа уште еднаш го потврдија во Македонска Каменица, каде што поранешни фудбалери на ФК Саса повторно се собраа за да се потсетат на времето кога го носеа дресот на клубот. На покана на долгогодишниот капитен на Саса, Марјан Стојчевски, во Македонска Каменица допатуваа и поранешните фудбалери од Скопје – Драги Стојановски, кој цели 11 години настапуваше за Саса, како и Бранко Петровски и Љупчо Цветковски – Здаре. Нивното доаѓање беше повод повторно да се оживеат спомените од периодот пред околу четири децении, кога беа дел од клубот и дадоа значаен придонес во…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево и библиотеката „Илинден“ воведуваат достава на книги до домовите на повозрасните граѓани Делчево, 8 јули 2026 – Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, со поддршка од општината и градоначалникот Иван Гоцевски, започнува со бесплатна достава на книги до домовите на повозрасните и граѓаните кои од здравствени или други оправдани причини не можат лично да ја посетат библиотеката. Иницијативата произлезе од вчерашната средба на раководството на библиотеката со група редовни членови – пензионери, кои повторно го отворија прашањето за пристап до книги во услови на екстремни температури или физички пречки, меѓу кои и фактот дека објектот на библиотеката нема…

ПОВЕЌЕ ...

ВИНИЦА: Владата го раскина договорот за концесија за ХЕЦ „Блатешница“ – Костадиновски: „Значајна победа за жителите на Блатец“ Виница, 6 јули 2026 – Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска соопшти дека Владата на Република Македонија донела одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на хидроелектрана на реката Блатешница, во атарот на село Блатец. Одлуката доаѓа откако Општина Виница претходно утврди дека Одобрението за градење издадено на инвеститорот престанало да важи на 13 август 2025 година, согласно член 68 став (1) од Законот за градење. „Во втората половина на февруари, со официјален допис го известив инвеститорот дека…

ПОВЕЌЕ ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Штип-Пробиштип, како директна последица на големите пожари кои беснеат во овој регион. Две патнички возила директно се судрија откако едниот од возачите, во обид да се спаси од пламените наноси покрај патот, преминал на спротивната коловозна лента. Според првичните информации од теренот, автомобилот кој се движел во правец кон Штип, за да ги избегне пламените наноси покрај самиот коловоз, нагло свртел во спротивната лента и директно удрил во возило кое доаѓало од спротивниот правец, објави 4news.mk Повредени во судирот, но и од густиот чад Во тешката несреќа се повредени повеќе…

ПОВЕЌЕ ...

Да помогнеме со донација за „Антолог“ – да не дозволиме да згасне книжевниот сон граден 30 години Преземено од Умно.мк Неколку стотици илјади евра е штетата што ја претрпе книжевниот центар „Антолог“ кога во завчерашното невреме се поплави магацинот со книги во скопската населба Кисела Вода. Издавачката куќа која полека го градеше бизнисот скоро 30 години во еден час загуби скоро сè. Новинарите од „Види-вака“ ја пренесоа очајната глетка во магацинот. Уништени се десетици и десетици илјадници книги, возило, целосниот инвентар, техника, компјутери, речиси сè е неповратно уништено. – „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Загубата, и материјално и…

ПОВЕЌЕ ...

По иницијатива на Македонската заедница во Хрватска и д-р Бојан Игнатовски, градоначалникот на Градот Дарувар Дамир Лненичек и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов потпишаа меморандум за соработка меѓу двете локални самоуправи. Со овој меморандум се воспоставува основа за поинтензивна соработка во сите области од заеднички интерес во надлежност на локалните самоуправи, преку размена на искуства, развивање партнерски односи и реализација на заеднички активности и проекти. На средбата беше истакнато дека поврзувањето на локалните заедници и унапредувањето на пријателските односи претставуваат значајна основа за создавање нови можности за соработка што ќе придонесат за развојот и напредокот на двете средини. Потпишувањето…

ПОВЕЌЕ ...

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристевски го посети Центарот за вработување во Виница, каде оствари работна средба со вработените и раководителот на Центарот за вработување Орце Христовски. На средбата се разговараше за реализацијата на мерките од Оперативниот план за вработување, со посебен акцент на интересот и одзивот на младите за користење на мерката за самовработување. Заменик министерот Ристевски истакна дека мерките за самовработување претставуваат значајна можност за младите луѓе да ги реализираат своите бизнис идеи, да стекнат претприемничко искуство и да создадат сопствена егзистенција. „Ги охрабрувам сите млади кои имаат идеја, желба и амбиција да ги искористат можностите…

ПОВЕЌЕ ...

Волонтери на Црвен крст Виница делеа вода на граѓаните за заштита од горештините Виница, 2 јули – Волонтери од Општинската организација на Црвен крст Виница спроведоа теренска активност за превенција од топлотни бранови на Градскиот пазар во Виница. Во рамките на акцијата, волонтерите им делеа ладна вода на граѓаните и споделуваа совети за заштита од високите температури. Од Црвен крст Виница апелираат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот, да носат лесна и светла облека и да пијат доволно течности. „Се грижиме за вашето здравје во топлите денови. Тука сме за вас и секогаш сме…

ПОВЕЌЕ ...