Author: Media Point
Работник на кочански „Водовод“ тешко повреден при пад од мост МВР информира дека вчера наутро во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани. Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул. „Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река. За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани
Благој Сарафимов од вчера и официјално е назначен за командир на Полициската станица од општа надлежност при СВР Штип, крунисувајќи професионална кариера долга 27 години во Министерството за внатрешни работи. Својата служба ја започнал како полициски службеник – водич на безбедносен реон во сообраќајната полиција. Во текот на кариерата извршувал повеќе одговорни функции, меѓу кои инспектор за недозволена трговија со дрога, виш инспектор во Центарот за известување и команда (ЦИК), а од вчера ја презеде функцијата командир на ПСОН Штип. Покрај професионалниот ангажман, Сарафимов е познат и како успешен спортист во борење, освојувач на бројни медали, но и како голем…
На 21-ви јули 2026 година, Православната Црква молитвено го прославува св. вмч. Прокопиј. Во чест на празникот Неговото Високопреосвештенство архиепископот и митрополит Нишки г. Арсениј, служеше Божествена Литургија во храмот посветен на св. вмч. Прокопиј, во градот Прокупље, Р. Србија. На митрополитот Арсениј му сослужуваше Негово Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, како и повеќе свештенослужители од Нишката Епархија на Српската Православна Црква и од Делчевско-Каменичката епархија. По читањето на заамвоната молитва се изврши чин на осветување на принесените дарови, а беше прережан и славски колач. Празнично вечерње са петохлебницом слу
Возачот на брзата помош (1985), кој вчера беше повреден при транспорт на дете, е на вештачка вентилација, во стабилна состојба, но неговиот живот е сè уште во опасност. Денес е уапсен државјанин на Северна Македонија, кој со камион удрил возач на брза помош од Врање, пишува Б92.нет. Тој е во Клиниката за анестезија во Универзитетската болница во Ниш, каде што вчера беше транспортиран од Општата болница во Лесковац. Порталот понатаму пишува дек државјанин на Северна Македонија, кој со камион удрил возач на брза помош од Врање, денес е уапсен и му е изречена затворска казна од 48 часа, потврди Полициската управа…
Вчера измерен ветер со брзина до 134 километри на час Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека станува збор за исклучително редок метеоролошки феномен за овие простори Силен ветер со брзина до 134 километри на час предизвика големи штети во повеќе делови од Македонија вчера. Искорнати дрвја, оштетени покриви, уништени возила и домови се дел од последиците од невремето, во кое беа повредени и десетици граѓани. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека станува збор за исклучително редок метеоролошки феномен за овие простори. На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е регистриран оркан со максимален удар…
Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка ќе настапи во квалификациите за пласман на грен слем турнирот САД опен што ќе се одржи од 30 август до 13 септември 2026 година. Нашата тенисерка, која моментно е рангирана на 214. место на ВТА, се најде на листата учеснички за САД опен, што е последен грен слем за годинава. Тенисерките рангирани до 102. место директно обезбедуваат пласман на главниот турнир, а тенисерките од 103. место па надолу ќе играат во квалификациите. Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА Ѓорческа неодамна испиша историја и за прв пат играше на грен слем турнир, откако успешно ги помина…
Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,…
Вонредната крводарителска акција во Македонска Каменица собра 12 единици крв Македонска Каменица, 21. Јули 2026 година – Денеска во Македонска Каменица се реализираше вонредна крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Делчево. На акцијата крв даруваа 12 крводарители од Македонска Каменица. Од Црвениот крст упатија извинување до сите хумани граѓани кои поради технички проблеми, денеска не беа во можност да даруваат крв, заблагодарувајќи им се за покажаната хуманост, разбирање и трпение. Од таму најавија дека редовната крводарителска акција ќе се одржи на 7-ми август и ги повикаа граѓаните на Македонска Каменица повторно да се вклучат.
Загина 65-годишен велосипедист во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Кочани. „На 20.7.2026 година околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани-Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б. (51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ. (65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт“, соопшти полицијата. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани,…
Делчево, 21. Јули 2026 година – Дваесет и шестгодишен жител на беровското село Митрашинци е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил под силно дејство на алкохол. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 20 јули во 15:05 часот, при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници запреле патнички автомобил „ровер“ со беровски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возачот А.Т. (26) управувал возилото со 4,35 промили алкохол во крвта.
