Вонредната крводарителска акција во Македонска Каменица собра 12 единици крв
Македонска Каменица, 21. Јули 2026 година – Денеска во Македонска Каменица се реализираше вонредна крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвениот крст од Делчево.
На акцијата крв даруваа 12 крводарители од Македонска Каменица.
Од Црвениот крст упатија извинување до сите хумани граѓани кои поради технички проблеми, денеска не беа во можност да даруваат крв, заблагодарувајќи им се за покажаната хуманост, разбирање и трпение.
Од таму најавија дека редовната крводарителска акција ќе се одржи на 7-ми август и ги повикаа граѓаните на Македонска Каменица повторно да се вклучат.


