Епископот Марко служеше во Милуз, Франција
2

На 21 ноември 2026 година, кога Црквата го празнува соборот на Светиот Архангел Михаил, неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, сослужуваше на Литургијата на храмовата слава под јурисдикција на Српската Православна Црква, во градот Милуз, во Франција.
На Литургијата началствуваше вомировениот епископ Средноевропски г. Константин од Српската Црква, во сослужение на повеќе свештенослужители од Света Гора, Руската, Романската и Српската Православна Црква.
На крајот од Литургијата беа благословени коливото и славскиот колач, а Епископот г. Константин им се обрати на присутните со пригодна беседа, честитајќи им ја храмовата слава на сите верници коишто се црквуваат во овој храм.







