Author: Media Point
ЖФК Каменица САСА со победа ја отвори серијата пријателски натпревари – Речица совладана со 2:0 Женскиот фудбалски клуб Каменица САСА успешно ја започна фазата на подготовки за новата натпреварувачка сезона. Во првиот контролен натпревар, одигран на гостински терен, избраничките на Зоран Златковски славеа со 0:2 против екипата на ЖФК Речица. Стрелец на двата гола за каменичкиот тим беше Ана Димитровска, која уште еднаш ја потврди својата голгетерска форма. Натпреварот послужи како одлична прва проверка за формата и физичката подготвеност на екипата по почетната фаза од подготовките. И покрај тоа што станува збор за пријателска средба, фудбалерките на Каменица…
Православната Црква денес ја чествува Света великомаченичка Христина – пример за храброст и верност кон Христа Македонската православна црква – Охридска Архиепископија денес, на 6 август, го празнува споменот на Светата великомаченичка Христина, една од најпочитуваните Христови маченички од раното христијанство. По тој повод, Каменичката парохија објави пригодна поука за животот и делото на светителката, потсетувајќи на нејзината непоколеблива вера. Според житието, Света Христина живеела во III век во градот Тир, во Феникија. Била ќерка на незнабожечкиот управител Урбан, кој поради нејзината убавина ја затворил во висока кула, подалеку од луѓето, со намера да ја посвети на идолите. Како што…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВАНЧО МИТЕВ ЈА НАЗНАЧИ ЉУПКА ЃОРГИЕВА АТАНАСОВА ЗА ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЗРНОВЦИ Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, ја назначи Љупка Ѓоргиева Атанасова за заменик-градоначалник на општината. Атанасова до сега беше член на Советот на Општина Зрновци. Во согласност со законските прописи, таа ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи на спреченост или отсуство подолго од шест месеци, како и во сите други ситуации утврдени со закон. За времето додека ја извршува функцијата заменик-градоначалник, нејзиниот мандат како член на советот мирува. „Ми претставува особена чест да ја назначам Љупка Ѓоргиева Атанасова на оваа функција. Уверен сум дека со…
Во текот на изминатиот викенд, од 31 јули до 3 август, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода вкупно 34 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 23 од приведените управувале возило без возачка дозвола, деветмина биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, додека едно лице било фатено како вози без возачка дозвола и под дејство на алкохол. По целосното документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени…
Непознат сторител провалил во црква во селото Трново, кривопаланечко, од каде одзел пари и бакарен котел, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, кражбата била пријавена на 2 август во 7:54 часот, а се случила во периодот меѓу 1 и 2 август. Сторителот влегол во црквата со употреба на сила, по што ги одзел парите и бакарниот котел. Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Почитувани сограѓани, По повод 2 Август – Илинден, денот кога се испишани најсветлите страници од македонската историја, Ви упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, благосостојба и заеднички успех. Илинден е симбол на непокорот, слободата и стремежот кон достоинствена иднина. Тој нè потсетува на жртвата и храброста на нашите предци, кои со визија и љубов кон татковината ги поставија темелите на нашата државност. Нека овој голем празник биде поттик за уште поголемо единство, меѓусебна почит и заедничка работа за развојот на нашата Општина Виница и на нашата татковина. Со заеднички сили да продолжиме да создаваме подобри услови за живот…
На 2 август, според православниот календар, верниците го одбележуваат празникот посветен на Светиот пророк Илија, еден од најпочитуваните старозаветни пророци и голем ревнител за верата во вистинскиот Бог. Свети Илија живеел околу девет века пред Христовото раѓање, во времето на израелскиот цар Ахав. Тој бил познат по својата непоколеблива вера и борба против идолопоклонството, кога многумина го напуштиле Бога и му се поклонувале на богот Ваал. Според Светото Писмо, пророкот Илија направил бројни чуда. По негова молитва, дожд не паднал три години, а кога народот повторно се свртел кон Бога, тој повторно измолил дожд. На гората Кармил го победил жреците…
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија поради опасност од пожари
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија поради опасност од пожари Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси. Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со…
Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана, лишено од слобода едно лице, следува кривична пријава Денеска (01.08.2026) во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом на А.Р. во Кочани, при што пронајдени и одземени се над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана. А.Р. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.
