Author: Media Point

БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО КОЧАНИ: Приведениот со дрога кај Истибања кокнал низ прозорец и избегал Кочанчанец на 41-годишна возраст избега од Полициската станица во Кочани, откако претходно бил приведен поради пронајдена дрога во неговото возило. Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера, на 10 јули, околу 20:35 часот. Лицето со иницијали А.Л. од Кочани било задржано во просториите на станицата поради сомнение за сторено кривично дело, откако при контрола на неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја. Осомничениот искористил прилика, отворил прозорец од просторијата во која престојувал и се дал во бегство. Од МВР потврдуваат дека полицијата…

ПОВЕЌЕ ...

Ново жариште на болеста овчи сипаници кај стадо овци во селото Соколарци Од почетокот на годинава заклучно со податоците од вчера ( 9јули), во државава евидентирани се 10 жаришта на болеста сипаници кај овци и кози на фарми со вкупно 1491 животно, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Од нив, само во Чешиново- Облешево има едно жариште на болеста, на фарма со 262 овци во село Соколарци. Таму денес се спроведува акција за убивање и нештетно закопување на овците од афектираното одгледувалиште. Од оваа фарма угинати се 5 грла овци кои се соодветни нештетено закопани. Активностите за справување со болеста…

ПОВЕЌЕ ...

Одземена бела прашкаста материја – лишени од слобода три лица кај езеро Калиманци и Истибања Македонска Каменица – На 09.07.2026 во 22:00 часот на место викано „Препиш“ кај брана „Калиманци“, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода лицето А.И. (23) од с. Саса, Македонска Каменица. При обид за легитимирање, лицето се обидело да избега, фрлајќи бела прашкаста материја. Во друг случај, на 09.07.2026 во 23:55 часот на влез во с. Истибања, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л. (41), двајцата од Кочани. При…

ПОВЕЌЕ ...

ТППЕ Делчево со нова противпожарна опрема од Дирекцијата за заштита и спасување Делчево, 9 јули 2026 – Територијалната противпожарна единица во Делчево денеска ја презентираше новата противпожарна опрема, обезбедена преку соработка со Дирекцијата за заштита и спасување. „Како локална самоуправа, остануваме целосно посветени на зајакнување на капацитетите на нашата ТППЕ, со цел таа секогаш да биде подготвена да одговори на предизвиците и да ги заштити граѓаните и нивниот имот“, изјави градоначалникот Иван Гоцевски. Тој упати апел до граѓаните да не палат оган на отворен простор и одговорно да се однесуваат во природа: „Се надевам дека оваа опрема ќе служи како…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС за продажба на викендица во изградба, со 5 декари дворно место на Побиен Камен, во Долна Цера, на 1100 метри надморска височина Во непосредна близина на познатата месност Побиен Камен, во село Долна Цера, се продава викендица во изградба со основа од 95 м². Сместена на 1100 метри надморска височина, локацијата нуди чист планински воздух, целосен мир и отворен поглед кон околните планински предели на Осогово и Плачковица. Имотот има уредена парцела од 5 декари и сопствен извор за вода со бушотина од 75 метри дланочина, што овозможува простор за двор, градина, овоштарник или дополнителни содржини по ваш избор.…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалот создава пријателства кои траат цел живот, а тоа уште еднаш го потврдија во Македонска Каменица, каде што поранешни фудбалери на ФК Саса повторно се собраа за да се потсетат на времето кога го носеа дресот на клубот. На покана на долгогодишниот капитен на Саса, Марјан Стојчевски, во Македонска Каменица допатуваа и поранешните фудбалери од Скопје – Драги Стојановски, кој цели 11 години настапуваше за Саса, како и Бранко Петровски и Љупчо Цветковски – Здаре. Нивното доаѓање беше повод повторно да се оживеат спомените од периодот пред околу четири децении, кога беа дел од клубот и дадоа значаен придонес во…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево и библиотеката „Илинден“ воведуваат достава на книги до домовите на повозрасните граѓани Делчево, 8 јули 2026 – Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево, со поддршка од општината и градоначалникот Иван Гоцевски, започнува со бесплатна достава на книги до домовите на повозрасните и граѓаните кои од здравствени или други оправдани причини не можат лично да ја посетат библиотеката. Иницијативата произлезе од вчерашната средба на раководството на библиотеката со група редовни членови – пензионери, кои повторно го отворија прашањето за пристап до книги во услови на екстремни температури или физички пречки, меѓу кои и фактот дека објектот на библиотеката нема…

ПОВЕЌЕ ...

ВИНИЦА: Владата го раскина договорот за концесија за ХЕЦ „Блатешница“ – Костадиновски: „Значајна победа за жителите на Блатец“ Виница, 6 јули 2026 – Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска соопшти дека Владата на Република Македонија донела одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на хидроелектрана на реката Блатешница, во атарот на село Блатец. Одлуката доаѓа откако Општина Виница претходно утврди дека Одобрението за градење издадено на инвеститорот престанало да важи на 13 август 2025 година, согласно член 68 став (1) од Законот за градење. „Во втората половина на февруари, со официјален допис го известив инвеститорот дека…

ПОВЕЌЕ ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Штип-Пробиштип, како директна последица на големите пожари кои беснеат во овој регион. Две патнички возила директно се судрија откако едниот од возачите, во обид да се спаси од пламените наноси покрај патот, преминал на спротивната коловозна лента. Според првичните информации од теренот, автомобилот кој се движел во правец кон Штип, за да ги избегне пламените наноси покрај самиот коловоз, нагло свртел во спротивната лента и директно удрил во возило кое доаѓало од спротивниот правец, објави 4news.mk Повредени во судирот, но и од густиот чад Во тешката несреќа се повредени повеќе…

ПОВЕЌЕ ...

Да помогнеме со донација за „Антолог“ – да не дозволиме да згасне книжевниот сон граден 30 години Преземено од Умно.мк Неколку стотици илјади евра е штетата што ја претрпе книжевниот центар „Антолог“ кога во завчерашното невреме се поплави магацинот со книги во скопската населба Кисела Вода. Издавачката куќа која полека го градеше бизнисот скоро 30 години во еден час загуби скоро сè. Новинарите од „Види-вака“ ја пренесоа очајната глетка во магацинот. Уништени се десетици и десетици илјадници книги, возило, целосниот инвентар, техника, компјутери, речиси сè е неповратно уништено. – „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Загубата, и материјално и…

ПОВЕЌЕ ...