Сопругот испратил експлицитни содржини на новиот љубовник на сопругата
На 10.08.2026 во 11:00 часот во СВР Штип, 23-годишна жена од радовишко, со престој во штипско, пријавила дека во изминатите денови, нејзиниот сопруг А.М. од радовишко, со кого не живее заедно, преку апликации на социјална мрежа испратил фотографии и видеа со експлицитна содржина на нејзиниот сегашен вонбрачен партнер. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

