Author: Media Point
Се издава под кирија првиот кат со површина од 145 м² и се продава четвртиот кат со површина од 165 м² во управната зграда во Македонска Каменица. Станува збор за опремени и функционални простори, во одлична состојба за користење и разна деловна примена. Цена по договор. За сите дополнителни информации, заинтересираните лица можат да се јават на Вибер бројот +393406164489 (Вибер).
Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и оваа година ја продолжи традицијата на оддавање признание на своите вработени за нивниот труд, стручност и посветеност кон безбедното и стабилно работење на рудникот. За празникот, сите вработени во САСА добија парична награда за своите залагања, додека на вкупно 121 вработен им беа доделени дополнителни парични награди и признанија за особен придонес кон остварувањето безбедно и стабилно производство и за другите…
Да бидеш против дата центар денес е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години Дата центарот можам да го дефинирам низ различни призми. Една од дефинициите која воопшто не е поврзана со тоа што всушност е дата центар е дека дата центар е мерка за економска развиеност на една земја. Тоа значи колку повеќе дата центри во една земја, толку повисок развој. На пример, највеќе дата центри има во САД, 4767, на второ место е Велика Британија со 569 дата центри, потоа следува Германија 533, Франција 393, Кина 376и така натаму. Листа со број на…
Советот на Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во селото Панчарево Проектот претходно предизвика интерес и дебата околу можните економски придобивки, но и прашања за транспарентноста, потрошувачката на електрична енергија и вода и потребната инфраструктура. Во претходно објавените информации беше наведено дека не се објавени доволно детали за инвеститорот, планираниот капацитет, потрошувачката на струја и вода и економските ефекти од проектот. Темата отвори и пошироко прашање за иднината на дата-центрите во Македонија, особено во услови кога глобално расте потребата од инфраструктура за вештачка интелигенција. Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, потрошувачката на електрична енергија од дата-центрите…
Кога опасноста демне-тогаш храброста зборува, порача градоначалникот, Иван Гоцевски,на денешната средба со петте повредени лица при гаснењето на пожарот во с. Бигла. Во неговиот кабинет беа: Лоренцо Трајановски- пожарникар, Александар Стоичовски и Филип Николовски, полицајци, Васко Панчовски и Александар Дамјанов-доброволци. Сите вдишаа чад при интервенцијата, го загрозија своето здравје и беа пратени на дополнителни медицински интервенции. На средбата, градоначалникот им изрази искрена благодарност за нивната храброст, пожртвуваност и професионалност, како и за ризикот што го презедоа во заштитата на граѓаните, домовите и природата. „Немам зборови со кои можам да ја опишам, храброста, пожртвуваноста и професионализмот на нашите пожарникари и полицајци и ангажманот…
ВОЗЉУБЕНИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ХРИСТА, На 28 август (петок) Светата Православна Црква молитвено го прославува големиот празник Успение на Пресвета Богородица – празникот на нејзиното преминување од земниот во вечниот живот, празник на надежта дека смртта не е крајот за оние што живеат во Христа, но и празник на нашата општина Македонска Каменица. За нашата парохија овој празник има особена радост, бидејќи храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ја прославува својата храмова слава. Празнувањето ќе започне уште во четврток, 27 август, во 15:00 часот, со празнична Вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г.…
Три дена “Каменичко културно лето 2026” во Македонска Каменица Македонска Каменица, 21. Август 2026 година – Објавена е програмата за „Каменичко културно лето 2026“, кое ќе се одржи од 26 до 28 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Во рамки на тридневната програма се предвидени содржини за различни генерации, детски фестивал и претстави, настапи на културно-уметнички друштва, концерти и музичка програма со диџеи. Дел од имињата кои ќе настапат пред граѓаните на Македонска Каменица се: Бојан Илиевски, Тајзи, Филип Александровски со бенд, Мирза Селимовиќ, BLUE и Ацо Пејовиќ. Програма: 26 август 2026 19:00 – Детски фестивал „Ѕвездички“ 20:00 –…
Општина Виница ја зголеми поддршката за првачињата од 3.000 на 5.000 денари Советот донесе одлука на предлог на градоначалникот Митко Костадиновски – зголемени и наградите за државни натпревари и воведена поддршка за новороденчиња ВИНИЦА – Советот на Општина Виница, на предлог на градоначалникот Митко Костадиновски, донесе одлука за зголемување на финансиската поддршка за семејствата кои имаат запишано првоодделенче. Поддршката за секое првоодделенче запишано во основните општински училишта на територијата на општината се зголемува од 3.000 на 5.000 денари. Со истата одлука зголемени се и наградите за учениците и нивните ментори за освоени места на државни натпревари. Наместо досегашните 2.000 денари,…
Ланскиот второлигаш Каменица Саса промовираше неколку нови засилувања со кои значително го подига квалитетот на повисоко ниво во Трета лига Регион 3 – целта ќе биде експресно враѓање во Втората лига, – информира Спортска мрежа. За читање на целиот текст на Спортска мрежа, кликнете ОВДЕ Извор на веста: sportskamreza.mk
Возљубени браќа и сестри во Христа, денес Светата Црква со особена радост го празнува еден од големите Господови празници – Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос. Преображението се случило на Таворската Гора, кога Господ Исус Христос ги зел со Себе апостолите Петар, Јаков и Јован и се искачил на гората за да се моли. Таму, пред нив, Христос се преобразил: лицето Негово засветило како сонце, а облеката Му станала бела како светлина. Со Него се појавиле Мојсеј и Илија, кои разговарале со Господа за Неговото претстојно страдање во Ерусалим. Тогаш апостолот Петар, восхитен од она што…
