Author: Media Point

Компанијата „Rakuten Viber“ денеска во Ниш објави дека за помалку од 30 дена во Србија ќе биде активирана услуга што ќе овозможи бесплатно испраќање и примање пари преку таа апликација. Директорот за стратешки партнерства на компанијата, Константин Костадинов, изјави дека станува збор за важен проект што компанијата го реализира во соработка со Народната банка на Србија и компанијата „PayChat“, пренесе агенцијата Бета. „Бесплатно се поврзувате со чет-ботот, го поврзувате со вашата банкарска апликација и бесплатно, исто како што би испратиле порака, вршите трансфер на пари“, истакна Костадинов на 10. Форум за напредни технологии во Научно-технолошкиот парк во Ниш. Костадинов рече…

ПОВЕЌЕ ...

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишија од слобода В.З.(26) и Д.С.(43), двајцата од Кочани, поради сомнение за извршени повеќе кривични дела. – Имено, тие се сомничат дека во текот на август и септември оваа година на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип двајцата извршиле повеќе кривични дела од кои седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, три тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и патнички возила и едно спречување на докажување, извршено од В.З., информира МВР. При преземањето мерки, со судска наредба, извршени се…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС: Се продава имот од 9.400m² со опремена куќа од 90m² на брегот на Калиманско Езеро Се продава имот од 9400 квадрати на самиот брег на Калиманско Езеро, во село Тодоровци, Македонска Каменица. Имотот има целосно опремена куќа од 90 квадрати, помошни простории од 60 квадрати и надворешен базен. Има вода, струја и приватен пат. Просторот нуди преубав поглед кон водите на Калиманско Езеро и врвовите на Осоговските планини. Идеално за инвестиција во развој на туризам, за живеење или за семеен одмор. Цена 180.000 евра. Информации на 078 431 249.

ПОВЕЌЕ ...

За храброста, пожртвуваноста и несебичната посветеност при гаснењето на големиот пожар што ја зафати фабриката „Винчини“. ДПД Виница беше на терен од самиот почеток, непрекинато ангажирано во текот на повеќедневната интервенција, сè до целосното локализирање на пожарот. Во најтешките моменти, доброволците на ДПД Виница со својата храброст, истрајност и тимски дух дадоа значаен придонес во справувањето со огнената стихија и заштитата на луѓето и материјалните добра. За покажаната храброст, истрајност и пожртвуваност – искрено благодариме!

ПОВЕЌЕ ...

Се издава стан во Македонска Каменица, на улица Самоилова, кај детската радинката, во влезот кај аптека ВИВА. Станот се наоѓа на први спрат и располага со две спални соби, дневна соба, кујна и купатило, истиот е функционален ивселив веднаш. Цена по договор. За разгледување и дополнителни информации јавете се на: 075 484 030

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во 18:40 часот во ОВР Пехчево, 68-годишна жена од Пехчево пријавила дека вчера ноќта во временски период од 00:23 до 01:00 часот во нејзиниот дом, додека седела со 43-годишен маж од Пехчево и разговарале, дошла неговата сопруга, агресивно се однесувала и физички ја нападнала. Како што се наведува во полицискиот билтен, подоцна, 43-годишниот маж, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, за кое подоцна и 37-годишаната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот маж. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...

ДАНЧЕ Д. ГОЦЕВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА СОУ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР“ По пет години на чело на гимназијата во Македонска Каменица, таа порача дека заминува побогата со искуство и подготвена за нов почеток Македонска Каменица, 04. Септември 2026 година – Директорката на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица, Данче Д. Гоцевска, денеска официјално поднесе оставка од функцијата. Одлуката, по петгодишниот мандат, ја соопшти преку јавно обраќање до учениците, родителите, професорите и вработените. „Имав чест и привилегија да бидам дел од едно прекрасно училишно семејство“, истакна Гоцевска, упатувајќи благодарност за енергијата на учениците, довербата на родителите и…

ПОВЕЌЕ ...

ПИШУВАЊА ОД КАМЕНИЧКА ПАРОХИЈА: ШТО МУ СЕ СЛУЧИ НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК – ИМАМЕ СÈ, А НЕМAМЕ МИР? Никогаш човекот немал толку многу, а толку често велел: „Не ми е добро.“ Имаме телефони што ни овозможуваат за неколку секунди да разговараме и да се видиме со човек кој е илјадници километри далеку. Имаме автомобили, машини, интернет, удобни домови, греење, климатизација, телевизори, фрижидери полни со храна и безброј работи што на нашите предци им изгледале како чудо. А сепак, кога ќе легнеме навечер, често умот не престанува да работи. Што ќе биде утре? Дали ќе имам доволно пари? Што мислат другите за…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 27 август 2026 (МИА) – Советот на Општина Делчево денеска го потврди предлогот на Комисијата за доделување општински награди и признанија и донесе Одлука, Општинската награда „7 Септември“ за 2026 година да се додели на проф. д-р Трајан Гоцевски за посебен придонес во научната дејност, придонес во развојот на високото образование, безбедносниот систем и македонската државност, како и афирмација на Општина Делчево во Република Северна Македонија и во светот. Општинската награда „7 Септември“ за физичкото лице се состои од парична награда во износ од 20.000,оо денари и плакета. Гоцевски е роден во с. Селник, Општина Делчево, а живее во Скопје.…

ПОВЕЌЕ ...

Возљубени браќа и сестри во Христа, денес Светата Црква го празнува Пренесувањето на Неракотворниот Образ на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, а особено радосно за нас е што го чествуваме и споменот на преподобниот Јоаким Осоговски, еден од големите подвижници и заштитници на нашите македонски краишта. ✞ Неракотворниот Образ на Господ Преданието на Црквата сведочи дека во времето на земниот живот на Господ Исус Христос, кнезот Авгар од Едеса бил тешко болен. Слушајќи за чудата што ги правел Христос, тој посакал да Го види и да побара од Него исцеление. Бидејќи не можел самиот да дојде кај…

ПОВЕЌЕ ...