Author: Media Point

Десет гола на Хоризонт Турново, нова победа на лидерот Победа Валандово и убедливи изданија на Ударник и Дојранско Езеро го одбележаа четвртото коло во Третата фудбалска лига – Исток, односно регион 3. На шесте натпревари беа постигнати вкупно 24 гола, а два дуела завршија без погодоци. Хоризонт Турново го оствари најубедливиот триумф во колото, совладувајќи ја Тиверија на гостински терен со неверојатни 10:2. Турновци ја запишаа првата сезонска победа и стигнаа до пет бода, додека Тиверија останува на последното место без освоен бод и со гол-разлика 2:37. Победа Валандово продолжува со максимален учинок. Валандовчани славеа со минимални 1:0 на гостувањето…

ПОВЕЌЕ ...

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил “На прашањето каде е погребан Самуил, ако ова не се неговоите коски, проф. Атанасовски вели: тоа прашање е прашање за Нобелова награда. Едно е сигурно: не е таму каде што мислат и тие остатоци што ги зема Бугарија не се на Самуил. Прво, оние четири гроба таму, не се знае чии се, нема никаков натпис, нема никаков доказ. Првично се зборуваше дека гробот е внатре во црквата, под онаа плоча со тие…

ПОВЕЌЕ ...

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 денеска од 18:00 часот ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, во рамките на женскиот Суперкуп „Драган Василов Цевка“. Актуелниот шампион ќе се обиде првпат да го освои престижниот пехар, додека тимот од Македонска Каменица ќе ја брани титулата освоена во последните четири изданија. За Крива Паланка ова ќе биде можност одличната мината сезона да ја круниса со уште еден трофеј, додека Баскет Кам 2011 влегува во дуелот како актуелен освојувач на Суперкупот, откако минатата година во финалето го совлада Вардар. Шефот на стручниот штаб на Крива Паланка, Виктор Петровски, очекува неизвесен натпревар…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА го победи ЖФК Скопје 2014 за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија Македонска Каменица – Екипата на ЖФК Каменица САСА оствари победа од 3:2 против ЖФК Скопје 2014 во рамки на Купот на Македонија. Натпреварот се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица, каде домашниот тим по двата погодоци на Јована Петрушевска, замина со позитива од 2:0 на полувреме. Во второто полувреме гостинската екипа успеа да израмни на 2:2. Конечниот резултат го постави Ана Димитровска во самата завршницата од натпреварот за конечни 3:2 во корист на каменичанки.

ПОВЕЌЕ ...

Забрана за движење на стрелиштето Кантурски Рид на 6 октомври поради вежба со огнено оружје Македонска Каменица, 01.10.2026 – Поради изведување на планирана вежба со огнено оружје, движењето на лица на подрачјето на стрелиштето Кантурски Рид во Македонска Каменица ќе биде забрането. Забраната ќе важи на ден 06.10.2026 година (вторник) во периодот од 08:00 до 12:00 часот, информираат од Полициската станица во Македонска Каменица. Од таму апелираат до граѓаните во целост да ја почитуваат забраната и да не се движат во реонот на стрелиштето во наведениот временски период, поради сопствена безбедност.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска ЖФК Каменица САСА против Скопје 2014 игра дерби натпревар од Купот на Македонија Во рамките на Купот на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА го пречекува тимот на ЖФК Скопје 2014. Натпреварот ќе се одигра денеска, среда 30.09.2026 година, со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Од клубот упатуваат повик до публиката да дојде во што поголем број и да им даде поддршка на нашите фудбалерки во борбата за пласман во следната фаза од Купот.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се чествува Света Софија со ќерките Вера, Надеж и Љубов – празник посветен на семејството и христијанските добродетели Православната Црква денеска, на 30 септември, го одбележува споменот на Светата маченичка Софија и нејзините три ќерки Вера, Надеж и Љубов, кои пострадале за Христа во Рим во времето на царот Адријан. Света Софија, чие име значи мудрост, била христијанска вдовица која своите ќерки ги воспитувала во верата. Пред царот биле изведени кога Вера имала 12, Надеж 10, а Љубов само 9 години. Бидејќи одбиле да се откажат од Христа и да принесат жртва на паганските божества, биле мачени и погубени…

ПОВЕЌЕ ...

Изминатиот викенд беше одиграно 3. коло во Првата машка лига, а по три одиграни кола, лидер на листата на стрелците е играч од новиот ракометен клуб и дебитант во прволигашкото друштво, Сокол Саса од Македонска Каменица. Станува збор за Мирче Ѓеоргиев, кој на три натпревари постигна дури 43 погодоци. Ѓеоргиев беше особено ефикасен против Вардар Неготино, кога постигна 18 гола. На дуелот од второто коло против Шампион стрелаше 12 пати, додека на дебито против Партизан Гевгелија запиша 13 погодоци. Зад Ѓеоргиев на листата на стрелците се наоѓа ракометарот на Аеродром, Бојан Божиновски, со 30 погодоци. Третото место моментално му припаѓа…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање на посмртните останки на цар Самоил, кои официјално ќе ѝ бидат предадени на бугарската држава на 3 октомври во Солун, соопшти бугарскиот премиер Румен Радев на почетокот на седницата на Министерскиот совет. По церемонијата останките ќе бидат пренесени до Бугарија со воен авион „Спартан“. Според Радев, владата денес ќе го одобри текстот на спогодбата и ќе го овласти министерот за култура да ја потпише со неговиот грчки колега. Договореното предвидува и реципрочно предавање за чување на историски, верски и културни артефакти и реликвии меѓу двете земји. Премиерот нагласи дека стремежот на Бугарија да…

ПОВЕЌЕ ...

Велина Стаменковиќ е специјален гостин на „Лапа Фест“ во Градец Културната и музичката сцена на Македонија ќе биде побогата оваа есен за еден несекојдневен уметнички спектакл. Имено, официјално е потврдено дека во рамките на претстојниот „Лапа Фест“ во Градец (во близина на Кочани), регионалниот музички феномен и официјален амбасадор на балканските и македонските мелодии – Велина Стаменковиќ, тинејџерска ѕвезда која го обединува целиот Балкан со својата песна, конечно ќе пристигне пред македонскaта публика. Велина Стаменковиќ После големиот интерес заради нејзините прекрасни изведби на старите македонски народни песни, Велина ја започнува својата долгоочекувана турнеја токму на македонско тло, каде што ќе…

ПОВЕЌЕ ...