Забрана за движење на стрелиштето Кантурски Рид на 6 октомври поради вежба со огнено оружје
Македонска Каменица, 01.10.2026 – Поради изведување на планирана вежба со огнено оружје, движењето на лица на подрачјето на стрелиштето Кантурски Рид во Македонска Каменица ќе биде забрането.
Забраната ќе важи на ден 06.10.2026 година (вторник) во периодот од 08:00 до 12:00 часот, информираат од Полициската станица во Македонска Каменица.
Од таму апелираат до граѓаните во целост да ја почитуваат забраната и да не се движат во реонот на стрелиштето во наведениот временски период, поради сопствена безбедност.


