Author: Media Point

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка со повеќе од два тона кисело млеко од Македонија поради несовпаѓање во придружната документација. Пратката била запрена на граничниот премин Ѓуешево при контрола од инспектори на Бугарската агенција за безбедност на храната. Станувало збор за вкупно 576 картони, од кои секој содржел по 20 пакувања кисело млеко. Според информациите на бугарската Агенција, при проверката било утврдено несовпаѓање меѓу податоците наведени во придружниот сертификат и ознаките на самите пакувања. Поради тоа, производите не добиле дозвола за влез во Бугарија и истиот ден биле вратени кај испраќачот. Од Агенцијата нагласиле дека граничните контроли се спроведуваат…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Грозданов приреди прием за младите пијанистки од Кочани по настапот во Њујорк Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, приреди прием за младите пијанистки од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, Теодора Захариева, Андреа Димитрова и Надица Апостолова, кои освоија највисоки награди на Меѓународниот натпревар International Youth Music Competitions – IYMC и како награда настапија на концертот на победниците во Њујорк. Станува збор за ученички од класата на професорката Елизабета Ѓеорѓиева. Во тимот што настапи во САД недостигаше уште една добитничка на гран-при награда, Мартина Гаврилова, која поради возраста не отпатува во Њујорк. • Нашите млади пијанисти блеснаа на сцената The…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево потпиша Меморандум за соработка во Прага Делчево отвора ново партнерство насочено кон привлекување инвестиции и зајакнување на локалната економија. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска во Прага, Чешка, потпиша Меморандум за соработка со Чешко-македонската асоцијација за трговија, претставувана од претседателката Љиљана Јовановски Асенов. Со документот се поставува основа за долгорочно партнерство во областите на економскиот развој, инвестициите, трговските односи, туризмот, претприемништвото и иновациите. Како што соопшти Гоцевски, целта е Делчево и поширокиот регион да бидат претставени пред чешки и европски деловни партнери како простор со потенцијал за инвестирање, преку промоција на инвестициски локации и подготовка на заеднички…

ПОВЕЌЕ ...

Согласно одлуката на Регулаторна, највисоката цена во малопродажба на бензинот еуросупер БС-95 ќе изнесува 99 денари за еден литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 101 денар, а еуродизел БС (Д-Е V) за 104,5 денари за литар Од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава по нови цени, а драстично зголемување има на цената на дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Илустративна фотографија / Фото: Архива Имено, дизелот поскапува за 5,5 денари по литар, додека бензиниите ќе се продаваат по цени пониски за 1,5 денари. Така, согласно одлуката на…

ПОВЕЌЕ ...

Во беровското село Митрашинци, денеска, беа одбележани 82 години од формирањето на 50-та Дивизија на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов“. Одбележувањето започна со едноминутно молчење, во знак на длабока почит кон загинатите борци и револуционери, по што делегации положија цвеќе пред споменикот во село Митрашинци. Пред присутните беше прочитан пригоден реферат, во кој беше потсетено на формирањето и дејствувањето на дивизијата, како и на историските настани и борбите кои го одбележале овој период. Во рамки на свеченото обраќање, беше истакнат борбениот дух, храброста и непокорноста на разловечките востаници, кресненските бунтовници и илинденските идеолози, чии стремежи…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, 22.09.2026 година, со почеток од 11 часот, Советот на Општина Виница ќе ја одржи 12-та редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки: Дневен ред 1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Виница за 2026 година; 2. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Виница за 2026 година; 3. Предлог-Одлука за преотстапување на ствари на ОЈУДГ „Гоце Делчев“-Виница; 4. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на градежна парцела ГП 1.5 и Г.П 1.8, со намена А1-Домување во станбени куќи од Детален урбанистчки план за…

ПОВЕЌЕ ...

„Авто Атом“ престана со работа: Кочани остана без единствениот меѓуградски превозник По 24 години работа, компанијата „Авто Атом“ од Кочани престана да сообраќа, со што градот остана без својот единствен превозник кој обезбедуваше редовни локални и меѓуградски автобуски линии. 20 септември беше последниот работен ден за компанијата, но и за нејзините вработени. Според информациите, дел од нив преминале кај други превозници, додека останатите вработени се прогласени за технолошки вишок. Последното патување на автобус на „Авто Атом“ се реализираше попладнево, на линијата Скопје–Кочани, со поаѓање во 18:30 часот од Скопската автобуска станица. Со работа престана и Туристичката агенција на „Авто Атом“…

ПОВЕЌЕ ...

На Шеснаесеттата недела по Педесетница, во Неделата пред празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во сослужение со епископот домаќин г. Андреј од Српската Православна Црква и свештенослужители од двете сестрински православни цркви, чиноначалствуваше со Светата архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во Луцерн, Швајцарија. На Литургијата молитвено присуствуваше многуброен верен народ, дојден од повеќе краишта на Швајцарија, за заеднички да се помоли и да се причести со Пречистите Тело и Чесната Крв Христови. По благослов на епископот домаќин г. Андреј, епископот г. Марко…

ПОВЕЌЕ ...

Возљубени браќа и сестри во Христа, Денес Светата Црква со особена радост го празнува Рождеството на Пресвета Богородица – денот кога на светот му се раѓа Онаа која Бог од вечноста ја избрал да биде Мајка на Спасителот, Господ Исус Христос. Пресвета Дева Марија се родила од праведните и благочестиви родители Јоаким и Ана. Тие долго време немале деца и, иако биле во поодминати години, не престанале да се молат и да се надеваат на Божјата милост. Господ ја услишал нивната молитва и им го дарувал најголемиот благослов – ќерката Марија. Нејзиното раѓање не е само радост за нејзините родители.…

ПОВЕЌЕ ...

Во оваа недела, во пресрет на големиот празник Воздвижение на Чесниот Крст и во деновите на претпразнувањето на Рождеството на Пресвета Богородица, Светата Црква нè повикува преку Евангелието да ја созерцаваме најголемата тајна на Божјата љубов кон човекот. Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица денес беа отслужени воскресна Утрена и Света Божествена Литургија. Во својата беседа, о. Дарко го протолкува денешното Евангелие според светиот апостол и евангелист Јован (3, 13–17), особено зборовите: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“…

ПОВЕЌЕ ...