Денеска ЖФК Каменица САСА против Скопје 2014 игра дерби натпревар од Купот на Македонија
Во рамките на Купот на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА го пречекува тимот на ЖФК Скопје 2014.
Натпреварот ќе се одигра денеска, среда 30.09.2026 година, со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица.
Од клубот упатуваат повик до публиката да дојде во што поголем број и да им даде поддршка на нашите фудбалерки во борбата за пласман во следната фаза од Купот.

