Велина Стаменковиќ е специјален гостин на „Лапа Фест“ во Градец
Културната и музичката сцена на Македонија ќе биде побогата оваа есен за еден несекојдневен уметнички спектакл. Имено, официјално е потврдено дека во рамките на претстојниот „Лапа Фест“ во Градец (во близина на Кочани), регионалниот музички феномен и официјален амбасадор на балканските и македонските мелодии – Велина Стаменковиќ, тинејџерска ѕвезда која го обединува целиот Балкан со својата песна, конечно ќе пристигне пред македонскaта публика.

После големиот интерес заради нејзините прекрасни изведби на старите македонски народни песни, Велина ја започнува својата долгоочекувана турнеја токму на македонско тло, каде што ќе пристигне со својот тим на 3 октомври за да се подготви за настапот што домашната јавност со нетрпение го очекува.
Велина Стаменковиќ подготвува фестивалски спектакл за паметење
Големиот музички и културен настан закажан за недела, 4 октомври, ќе започне на највозвишен можен начин. Како изведувач со уникатен сензибилитет, Велина ќе ја добие посебната чест и благослов прво да настапи на Светата Литургија во црквата „Свети Пророк Илија“ во Градец. Веднаш по духовната програма, фокусот се префрла на главната сцена на традиционалниот „Лапа Фест“, каде што публиката ќе има можност да види и чуе зошто Велина гордо ја носи титулата балкански музички амбасадор.

На фестивалската сцена ќе ѝ се придружи нејзиниот комплетен, елитен бенд „Велина вокал и пијано ателје“.
Во оваа музичка експлозија од емоции и традиција, заедно со звуците на пијаното и извонредниот вокал на Велина Стаменковиќ, настапуваат и врвни музичари: Вања и Кристијан како моќна вокална придружба која никого не остава рамнодушен, додека Горан, кој потекнува од семејство кое со генерации свири тапан, гоч и кахон, ќе го заокружи целиот настап и ќе го разубави амбиентот со автентичниот и громогласен ритам на традиционалниот тапан.

Тимот на Велина нагласува дека нивното гостување на „Лапа Фест“ е почеток на овогодинешните културни настани во кочанско-виничкиот регион. Со оглед на тоа што ова е само првиот од низата настапи планирани како дел од настапите и концертите во Македонија, Градец, Виница, Кочани и Лапа Фест ќе имаат можност да бидат првите домаќини на уметник кој преку песна успешно ги брише границите и гордо го зачувува духот на традиционалниот мелос, иако е тинејџерка и има само 17 години.
Одбројувањето започна, а судејќи според реакциите на социјалните мрежи, на 4 октомври во Градец се очекува рекорден број посетители од целата земја кои сакаат да бидат сведоци на оваа единствена музичка комбинација од пијано, моќни вокали, тапани и култура на фестивалот во кочанско-виничкиот регион и познатиот „Лапа Фест“, кој ја слави традицијата, потеклото и ги зачувува спомените на едно време по кое сите копнееме.
Покрај богатата музичка програма, сите посетители на Лапа Фест ќе можат да уживаат и во традиционалната македонска кујна и гостопримството на локалното население. Манифестацијата е посветена на зачувување на локалната традиција и на традиционалното јадење лапа од ориз и афион, карактеристично за истoчна Македонија. Организаторите најавуваат еднодневна програма која ќе опфати дегустација на традиционална лапа, натпревар за најубава народна носија, работилница за изработка на предмети на грнчарско тркало со Гоце Станчев и фолклорна програма.

Во рамки на музичкиот дел од програмата ќе настапат Велина Стаменковиќ од Србија, групата „Хармони“ во состав Ванчо, Димитар и Фидан, Ансамблот за традиционална музика и игри „Митко Алексов“ од Кочани, Лазар Велков и пејачката група при Здружението на пензионери од Виница. Најавено е присуство и на гости од странство. Доколку планирате да го посетите фестивалот или да прошетате низ Македонија, можете да ги погледнете опциите за сместување и навреме да го резервирате вашиот престој.
Место: Лапа фест, Градец (во близина на Кочани / Виница)
Датум: Недела, 4 октомври 2026 година
Влезот е слободен за сите љубители на традицијата и врвната музика.
Повеќе детали за фестивалот можете да дознаете на официјалната страница Лапа Фест






