За храброста, пожртвуваноста и несебичната посветеност при гаснењето на големиот пожар што ја зафати фабриката „Винчини“.
ДПД Виница беше на терен од самиот почеток, непрекинато ангажирано во текот на повеќедневната интервенција, сè до целосното локализирање на пожарот.
Во најтешките моменти, доброволците на ДПД Виница со својата храброст, истрајност и тимски дух дадоа значаен придонес во справувањето со огнената стихија и заштитата на луѓето и материјалните добра.
За покажаната храброст, истрајност и пожртвуваност – искрено благодариме!

