Author: Media Point

Земјоделец во полскиот град Гливице го уништи свежиот асфалт на новореконструиран пат, откако одлучил низ него да помине со трактор и спуштен орачки plug (плуг). Како што пренесува „Euronews“,повикувајќи се на полициски извори, инцидентот се случил во петокот околу 15 часот во улицата „Рибацка“. Градежните работници успеале да го запрат 60-годишниот маж откако со тракторот веќе изорал речиси 200 метри од новиот пат. Тие го блокирале неговото возило со валјак и утоварувач, по што интервенирала полицијата. При проверката било утврдено и дека тракторот немал задолжително осигурување, па возилото веднаш било одземено и пренесено на полициски паркинг. Земјоделецот тврди дека патот минува низ негово приватно земјиште и дека градските…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т.(48) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот измамил лице од кого набавил 2.580 тони сливи и до моментот на пријавување не ги платил со што се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.

ПОВЕЌЕ ...

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ДРАКИТЕ НА ПАТОТ ИСТИБАЊА – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА “Двајца млади тешко повредени откако мотоцикл излета од патот кај брана Калиманци” Виница, 15.08.2026 – Двајца млади мажи се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец од село Истибања кон браната Калиманци. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот во ОВР Виница бил пријавен вчера (14.08.2026) во 12:12 часот, а несреќата се случила околу 11:40 часот на место викано „Драка“. Мотоцикл со делчевски регистарски ознаки, управуван од О.Ш. (18) од Делчево, од засега непознати причини излетал од коловозот. Во несреќата,…

ПОВЕЌЕ ...

ПИШУВАЊА ОД КАМЕНИЧКАТА ПАРОХИЈА: ЧАСОСЛОВОТ – БОГОСЛУЖБЕНА КНИГА ШТО ГО ОСВЕТУВА ЦЕЛИОТ ДЕН Во православната духовност времето не е само низа часови што поминуваат. Секој дел од денот е можност за молитва и за заедница со Бога. Токму затоа Црквата уште од апостолските времиња го устроила дневниот богослужбен круг, а неговата основна книга е Часословот. Во Часословот се наоѓаат богослужбите што се извршуваат секој ден, без оглед на празникот. Во него се содржани Полуноќницата, Утрената, Првиот, Третиот, Шестиот и Деветтиот час, Изобразителната, Малото и Големото Повечерие, како и утринските и вечерните молитви и други постојани молитвословија. Овие богослужби го осветуваат…

ПОВЕЌЕ ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 август. Денеска е Св. седум маченици Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар. Сите овие пострадаа околу 180 година за чистотата на израелската вера во едниот Бог, на која беше удрил царот Антиох Епифан. Тој беше наредил по закана со смрт на сите граѓани на Ерусалим да јадат свинско месо, како очигледен знак дека се откажале од верата на своите татковци. Свети Елеазар се противстави на оваа насилничка заповед на царот, па поради тоа беше погубен. Исто така и седумте браќа, наречени Макавеи, заедно со мајка им, беа поведени во Антиохија. А…

ПОВЕЌЕ ...

На 12.08.2026 во 21:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.З.(40). Според пријавеното, неколку пати во последниот период во семејниот дом во селото, физички ја напаѓал неговата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал, а претходно во текот на денот агресивно се однесувал и ја заклучил во собата. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, во периодот од 23.10.2025 до 27.10.2025, неовластено искористила банкарска картица, во сопственост на друго лице, односно со неа направила 47 трансакции преку интернет апликација во вкупен износ од 99.751 денари.

ПОВЕЌЕ ...

Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Местото е обезбедено од полицијата која го потврди случајот. Денеска (13.08.2026) околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, велат од МВР.…

ПОВЕЌЕ ...

ПРЕТСТАВНИЦИ НА КУД „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ОКСФОРД ВО ПОСЕТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО Најавени „Македонски денови во Обединетото Кралство“ и два концерта на ансамблот „Танец“ во Лондон и Оксфорд по повод 35 години независност Скопје, Македонија – Агенцијата за иселеништво денеска оствари средба со Габриела и Кирил Цекови, претставници од Управниот одбор на Културно-уметничкото друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Оксфорд, Англија. На средбата со директорот на Агенцијата, Горан Ангелов, претставниците од Оксфорд информираа за почетокот на наставата по македонски јазик за децата од македонската заедница, за активностите на новоформираната црковна општина „Св. Ѓорги Кратовски“ во Оксфорд, како…

ПОВЕЌЕ ...

Владо Деловски: „Ги допрев делчињата од паднатиот авион во кој загина татко ми во 1973-та, сум имал 2 месеци во време на несреќата“ „Авионот удрил во планината Маганик, 2,5 минути пред да слета во Подгорица. Пред 5-6 години се појави документарец за несреќата, со видео од остатоците на авионот како лежат на самата планина (2.119 м.н.в). Тогаш почнав да истражувам како да стигнам дотаму и тоа беше поттик да почнам да планинарам“, вели диџеј Дела за CRNOBELO.com, откако стигна до остатоците од авионот во кој загинал татко му и зеде мало парче со себе. Владо Деловски (53) е дипломиран…

ПОВЕЌЕ ...