На 12.08.2026 во 21:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.З.(40). Според пријавеното, неколку пати во последниот период во семејниот дом во селото, физички ја напаѓал неговата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал, а претходно во текот на денот агресивно се однесувал и ја заклучил во собата. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Лишен од слобода 30 годишен делчевец поради физички напад и агресивно однесување кон неговата макја
1 Min Read

