Почитувани сограѓани,
По повод 2 Август – Илинден, денот кога се испишани најсветлите страници од македонската историја, Ви упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, благосостојба и заеднички успех.
Илинден е симбол на непокорот, слободата и стремежот кон достоинствена иднина. Тој нè потсетува на жртвата и храброста на нашите предци, кои со визија и љубов кон татковината ги поставија темелите на нашата државност.
Нека овој голем празник биде поттик за уште поголемо единство, меѓусебна почит и заедничка работа за развојот на нашата Општина Виница и на нашата татковина. Со заеднички сили да продолжиме да создаваме подобри услови за живот за сите наши граѓани, почитувајќи ги вредностите што ни ги оставија илинденците.
Во мое лично име и во име на Општина Виница, Ви го честитам големиот национален празник 2 Август – Илинден.
Нека е вечен Илинден!
Со почит,
Митко Костадиновски
Градоначалник на Општина Виница


