ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВАНЧО МИТЕВ ЈА НАЗНАЧИ ЉУПКА ЃОРГИЕВА АТАНАСОВА ЗА ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЗРНОВЦИ
Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, ја назначи Љупка Ѓоргиева Атанасова за заменик-градоначалник на општината.
Атанасова до сега беше член на Советот на Општина Зрновци. Во согласност со законските прописи, таа ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи на спреченост или отсуство подолго од шест месеци, како и во сите други ситуации утврдени со закон. За времето додека ја извршува функцијата заменик-градоначалник, нејзиниот мандат како член на советот мирува.

„Ми претставува особена чест да ја назначам Љупка Ѓоргиева Атанасова на оваа функција. Уверен сум дека со својата посветеност, одговорност и професионален пристап ќе ја извршува во согласност со законските надлежности и во најдобар интерес на граѓаните“, изјави градоначалникот Митев.
Тој додаде дека општинската администрација продолжува да работи на развојот на Општина Зрновци, водејќи се од принципите на стручност, одговорност и транспарентност.

