Author: Media Point
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а…
Градоначалникот Гоцевски ја поздрави иницијативата за воведување на македонскиот јазик во образовниот процес во Пиемонт – Потпишан трилатерален договор меѓу општините Делчево, Македонска Каменица и Рикалдоне Рикалдоне, 18. Јули 2026 – Трилатарален договор за соработка денеска во италијанската Општина Рикалдоне потпишаа градоначалниците на Делчево, Иван Гоцевски, на Рикалдоне, Лаура Грациела Бруна и на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. На потпишувањето присуствуваа генералната конзулка на Македонија во Венеција, Фросина Ременски и претседателот на македонското здружение „Заедно – Insieme“ од Пиемонте, Златко Милчевски. “Продолжуваме одговорно, посветено и со јасна визија – да ги отвораме вратите кон Европа и светот, – вели…
Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен. Според информациите, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него. Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата на државата. Лазаров беше приведен поради сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, но успеа да избега од полициската станица во Кочани преку прозорец.
Претрес во виничко Јакимово лишени од слобода две лица, пронајдени дрога и пушка На 11.07.2026 во 23:20 часот во с. Јакимово, виничко, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница во содејство со полициски службеници од ОВР Виница ги лишија од слобода К.С. (28) и М.С. (31), двајцата од с. Јакимово. При преземање мерки и активности по претходно изготвен план, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.С., во кое М.С. бил сопатник. Притоа, од возилото бил фрлен кокаин. На 12.07.2026 во 07:10 часот во с. Јакимово, врз основа на наредба…
Денеска православните христијани го слават Павловден. Именден празнуваат Павел, Павле, Пајо, Павлина… Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли. Павловден, жените го држат како празник повеќе…
Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на апостолите. Црквата го празнува овој ден на 12 јули секоја година, а следниот ден е соборниот празник на дванаесетте големи апостоли заедно … Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. Светиот апостол…
Каменичка парохија со најава за Богослужба на Петровден во Македонска Каменица каде ќе чиноначалствува епископ Марко Македонска Каменица, 11 јули 2026 г. — Каменичката парохија ги поканува верниците на свечени богослужби по повод празникот на Светите апостоли Петар и Павле. По Божја милост, утре, во недела на 12 јули, во Петтата недела по Педесетница, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ќе бидат отслужени Воскресна Утрена со почеток во 07:00 часот и Света Божествена Литургија со почеток во 08:20 часот. Со светите богослужби ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, заедно со свештенството. По завршувањето на Петровденскиот…
БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО КОЧАНИ: Приведениот со дрога кај Истибања кокнал низ прозорец и избегал Кочанчанец на 41-годишна возраст избега од Полициската станица во Кочани, откако претходно бил приведен поради пронајдена дрога во неговото возило. Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера, на 10 јули, околу 20:35 часот. Лицето со иницијали А.Л. од Кочани било задржано во просториите на станицата поради сомнение за сторено кривично дело, откако при контрола на неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја. Осомничениот искористил прилика, отворил прозорец од просторијата во која престојувал и се дал во бегство. Од МВР потврдуваат дека полицијата…
Ново жариште на болеста овчи сипаници кај стадо овци во селото Соколарци Од почетокот на годинава заклучно со податоците од вчера ( 9јули), во државава евидентирани се 10 жаришта на болеста сипаници кај овци и кози на фарми со вкупно 1491 животно, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Од нив, само во Чешиново- Облешево има едно жариште на болеста, на фарма со 262 овци во село Соколарци. Таму денес се спроведува акција за убивање и нештетно закопување на овците од афектираното одгледувалиште. Од оваа фарма угинати се 5 грла овци кои се соодветни нештетено закопани. Активностите за справување со болеста…
Одземена бела прашкаста материја – лишени од слобода три лица кај езеро Калиманци и Истибања Македонска Каменица – На 09.07.2026 во 22:00 часот на место викано „Препиш“ кај брана „Калиманци“, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода лицето А.И. (23) од с. Саса, Македонска Каменица. При обид за легитимирање, лицето се обидело да избега, фрлајќи бела прашкаста материја. Во друг случај, на 09.07.2026 во 23:55 часот на влез во с. Истибања, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л. (41), двајцата од Кочани. При…
