БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО КОЧАНИ: Приведениот со дрога кај Истибања кокнал низ прозорец и избегал
Кочанчанец на 41-годишна возраст избега од Полициската станица во Кочани, откако претходно бил приведен поради пронајдена дрога во неговото возило.
Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера, на 10 јули, околу 20:35 часот. Лицето со иницијали А.Л. од Кочани било задржано во просториите на станицата поради сомнение за сторено кривично дело, откако при контрола на неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја.
Осомничениот искористил прилика, отворил прозорец од просторијата во која престојувал и се дал во бегство.
Од МВР потврдуваат дека полицијата е на терен и интензивно трага по бегалецот. Во моментов се преземаат сите неопходни оперативни мерки за лоцирање и повторно приведување на лицето.
Истрагата за случајот продолжува, за кој во полицискиот билтен вчера излезе информација дека на 9 јули вечерта биле уапсени двајца копчанчани фатени со кокаин, кој го криеле во возилото.
„На 09 јули, 2026 година во 23 и 55 часот на влез во село Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани.
При преглед на патничкото возило „субару“ со кочански регистерски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја“, се наведуваше во полицискиот билтен.

