Ново жариште на болеста овчи сипаници кај стадо овци во селото Соколарци
Од почетокот на годинава заклучно со податоците од вчера ( 9јули), во државава евидентирани се 10 жаришта на болеста сипаници кај овци и кози на фарми со вкупно 1491 животно, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од нив, само во Чешиново- Облешево има едно жариште на болеста, на фарма со 262 овци во село Соколарци. Таму денес се спроведува акција за убивање и нештетно закопување на овците од афектираното одгледувалиште. Од оваа фарма угинати се 5 грла овци кои се соодветни нештетено закопани.
Активностите за справување со болеста и во оваа општина продолжуваат и во наредниот период.
Вкупната бројка на убиени и нештетно отстранети овци и кози од фарми во одгледувалишта во општините Куманово, Делчево и Свети Николе каде е болеста е потврдена, заклучно со вчерашниот ден изнесува 1125 грла.

