Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка ќе настапи во квалификациите за пласман на грен слем турнирот САД опен што ќе се одржи од 30 август до 13 септември 2026 година.
Нашата тенисерка, која моментно е рангирана на 214. место на ВТА, се најде на листата учеснички за САД опен, што е последен грен слем за годинава.
Тенисерките рангирани до 102. место директно обезбедуваат пласман на главниот турнир, а тенисерките од 103. место па надолу ќе играат во квалификациите. Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА
Ѓорческа неодамна испиша историја и за прв пат играше на грен слем турнир, откако успешно ги помина трите квалификациски кола за Вимблдон.
Македонската тенисерка својот последен настап на турнирите го имаше пред два дена кога беше елиминирана во првото коло во Палермо, Италија.

