Волонтери на Црвен крст Виница делеа вода на граѓаните за заштита од горештините
Виница, 2 јули – Волонтери од Општинската организација на Црвен крст Виница спроведоа теренска активност за превенција од топлотни бранови на Градскиот пазар во Виница.
Во рамките на акцијата, волонтерите им делеа ладна вода на граѓаните и споделуваа совети за заштита од високите температури.
Од Црвен крст Виница апелираат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот, да носат лесна и светла облека и да пијат доволно течности.
„Се грижиме за вашето здравје во топлите денови. Тука сме за вас и секогаш сме на висина на задачата кога е најпотребно“, порачаа од организацијата.
Активностите за превенција од топлотни бранови ќе продолжат и во наредниот период, особено во деновите со високи температури.

