Бесплатен Wi-Fi на градскиот плоштад во Виница преку проектот WiFi4WB
Граѓаните и посетителите на Општина Виница од сега имаат бесплатен јавен Wi-Fi на градскиот плоштад „Ангел Винички“.
Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а ја спроведува GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Целта е да се овозможи бесплатен и сигурен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Виница ќе биде една од 500 општини во регионот што добиваат WiFi4WB мрежа, по примерот на европската програма WiFi4EU која покрива 7.000 локации низ ЕУ.
Сите граѓани и гости можат бесплатно да се поврзат и да користат стабилна интернет врска.
Од Општина Виница велат дека со оваа поддршка продолжуваат да ги унапредуваат јавните услуги и да ја зајакнуваат дигиталната поврзаност на локалната заедница.

