Пунктот за рециклирање во Блатец сè уште затворен – МЗ Блатец со апел до граѓаните да не одлагаат отпад
Месната заедница Блатец упати апел до жителите на селото во врска со пунктот за собирање и пакување отпад.
Пунктот за стара хартија, лименки и пластика во Блатец, Општина Виница, сè уште не е ставен во функција. Од МЗ Блатец бараат граѓаните да не одлагаат отпад на локацијата, особено не несоодветен отпад како стар телевизор и друг комунален смет кој веќе е забележан околу објектот.
Лицето кое го оставило телевизорот и сметот е повикано да го подигне и врати дома. Во спротивно, против него ќе биде поднесена пријава од страна на комуналниот инспектор за несоодветно одлагање на отпад.
Од Месната заедница нагласуваат: пунктот не е депонија. Неговата намена е исклучиво собирање и пакување на точно определен вид отпад – хартија, пластика и лименки – за понатамошно рециклирање.
Граѓаните се замолуваат за трпение до официјалното отворање и за совесно постапување со отпадот.

