Македонка во Италија го создаде дворот од соништата – сите остануваат воодушевени кога ќе го видат дворот на Ѓурѓица!
Ѓуѓица Николовска ни ги отвори вратите на нејзиниот двор како од бајките. Во Италија го создаде својот мал рај на кој му се восхитуваат сите.
Дека љубовта кон природата, трудот и посветеноста можат да создадат вистинска магија, најдобро покажува Македонката Ѓуѓица Николовска, која живее во Италија. Во градот Касине, во италијанскиот регион Пиемонт, таа заедно со своето семејство создала зелена оаза што плени со својата убавина и уреденост.
Нејзиниот двор од 60 квадратни метри е вистински пример дека не е потребен огромен простор за да се создаде место кое остава без здив.
Advertisement
Раскошните цвеќиња, внимателно негуваните цветници и секое катче исполнето со љубов го привлекуваат вниманието и восхитот на сите што ќе го видат. Со многу трпение, секојдневна грижа и природни методи за нега, Ѓуѓица успеала својот двор да го претвори во место каде што владеат мирот, убавината и хармонијата.

Во разговор за Гламур.мк, Ѓуѓица ни открива како започнала нејзината љубов кон градинарството, колку време му посветува на дворот и кои се нејзините тајни за раскошните цвеќиња.

Од кога датира Вашата пасија кон цвеќињата и градинарството?
Љубовта кон природата и цвеќињата кај мене постои уште од мали нозе, но вистинската пасија и посветеност кон градинарството започна пред околу 10 години, кога решивме максимално да го уредиме и трансформираме овој простор во наш мал рај.
Извор: glamur.mk

