По пријава од граѓанин, екипите на ЈП „Солидарност“ повторно реагираа навремено и го исчистија новонастанатиот отпад во близина на Кршлаџискиот мост.
И покрај тоа што во изминатиот период беа реализирани повеќе акции за чистење, меѓу кои и големата акција „Зелен чекор 2026“, поддржана од бизнис-заедницата и Општина Виница, како и други активности спроведени во соработка со ЈП „Солидарност“ и со ангажирање невработени лица преку Агенцијата за вработување и беа исчистени десетици локации, за жал, сѐ уште има несовесни поединци кои создаваат диви депонии.
Општина Виница и ЈП „Солидарност“ ќе продолжат навремено да реагираат и нема да дозволат овие локации да прераснат во поголеми депонии.
Апелираме до сите граѓани доколку забележат несовесно одлагање отпад на несоодветни места, тоа веднаш да го пријават до инспекциските служби на Општина Виница, со цел сторителите да бидат идентификувани и соодветно санкционирани.
Да не дозволиме малкумина да ја загадуваат нашата околина.
Чекор по чекор, за почиста, позелена и поубава Виница!

